Бошњаковски во име на Заев демантираат дека се уценуваат пратеници
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2018
Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски преку Твитер ги демантира обвинувањата дека се прават притисоци врз пратениците.
„Премиерот Зоран Заев категорично ги демантира лажните информации во „Курир“ и “Република” дека „Власта прави жесток притисок врз пратениците и ги уценува со сите можни работи“. Вестите се клевета и навреда и за нив се одговара пред законите“ – напиша Бошњаковски.
И од ВМРО-ДПМНЕ стигнаа обвинувања дека има притисоци и обиди за купување на пратеници.