Добивај вести на Viber
За само една година бројката на невработени лица во Босна и Херцеговина пораснал за 11 илјади лица, јавуваат локалните медиуми. Весникот „Дневни Абаз“ пишува дека Босна и Херцеговина е прва според невработеноста во Европа.
Вкупниот број невработени во Босна и Херцеговина во мај е 547.300 или за два отсто повеќе отколку истиот период лани. Според овие податоци, стапката на невработеност во БиХ изнесува 44,5 отсто.
Весникот пишува дека последната година над 10 илјади жители ја загубиле работата и тоа главно во приватниот сектор. Работници најчесто се отпуштале од секторите како градежништво, рударство и преработувачката индустрија.