„Божиновска на министерскиот совет на енергетската заедница во Австрија – декарбонизацијата во фокусот“
Објавено во: Економија 11 Декември, 2024
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска е во работна посета на Виена, Австрија, каде ќе учествува на 22-от Министерски совет на Енергетската заедница, што ќе се одржи на 12 декември.
Министерски совет на Енергетската заедница, ќе ги собере министрите одговорни за енергетика на деветте договорни страни од Договорот за Енергетска заедница. На овој годишен состанок, ќе се дебатира околу надградбата на патоказот за декарбонизацијата, како и теми поврзани со управувањето со водите, живеалишта и дивите птици во насока на идното воведување на дополнителни законодавни обврски од овие области.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Божиновска ќе има и обраќање пред присутните министри на 22-от Министерски совет на Енергетската заедница.
На состанокот на Енергетската заедница заедно со министерката Божиновска, присуствува и Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Енергетската заедница е меѓународна организација која ја олеснува енергетската соработка на ЕУ и деветте договорни страни: Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина, а има и три постојани набљудувачи: Ерменија, Норвешка и Турција. Нејзина главна цел е да ги приближи договорните страни на ЕУ преку олеснување на реформите и постепено проширување на правото на ЕУ за енергија, животна средина и клима.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.