17 Декември, 2025
0.0490

„Брако“ и „Грин Машинс“ на ИФАТ саемот во Минхен

Објавено во: Македонија 31 Мај, 2022 12:57

Добивај вести на Viber

„Грин Машинс“, брендот на возила за одржување хигиена на надворешни површини на велешки „Брако“, поставува нови стандарди кога се во прашање иновативните производствени решенија. Тие одговараат на зголемената потреба од нови методи во областа на чистење на надворешните површини.


„Грин Машинс" од Велес, деновиве на водечкиот саем од областа на еколошки технологии, ИФАТ, кој што се одржува во Минхен, Германија, гордо ги претставува своите технолошки-иновативни решенија, застапувајќи ја еколошката програма на иднината за нула штетни емисии во воздухот, здрава и чиста животна средина.

„Саемот ИФАТ во Минхен е најголемиот светски саем за еколошки технологии каде што најдобрите компании од целиот свет доаѓаат да ги претстават своите најнови достигнувања. Затоа за нас е големо задоволство и успех што сме присутни тука со нашите возила за чистење. Во последните две години ’Брако’ вложи многу во развој на овие возила и како резултат на тоа денес имаме целосно еколошки штанд каде што претставуваме четири возила, од кои три се електрични, а едно на погон со хидроген и како такво се уште е единствено на пазарот и во таа смисла сме светски лидери во овој сегмент. Интересот за нашите возила на саемот е голем и засега имаме одличен одѕив од пазарот што е уште една потврда дека сме во чекор со светската конкуренција, а во многу сегменти, како што е на пример водородот, сме и чекор напред. На саемот со нас се присутни и претставници од ќерките фирми на ’Грин Машинс’ од Обединетото Кралство, Соединетите Американски Држави, Германија и Холандија преку кои ’Грин Машинс’ е застапуван и продаван во целиот свет“, вели Ангел Анѓушев, технички директор на ’Грин Машинс’.

На својот штанд од 80 метри квадратни „Грин Машинс" ги претставува своите четири најнови модели на возила од кои три се електрични, а едно е на погон на водород, кое е единствено на пазарот во светски рамки.

ПР објава

ГАЛЕРИЈА


Можеби ќе ве интересира

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра