Брисел: Атина до понеделник да ја заврши домашната работа!
Објавено во: Балкан 21 Февруари, 2015 19:08
Во согласност со договорот на министрите за финансии на Грција и еврозоната, Атина треба во понеделникот да го претстави планот за реформи на Брисел кој во вторникот ќе го оценат претставници на „институциите“, односно некогашната Тројка која ја сочинуваат Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.
На Грција, како што е наведено синоќа после постигнувањето на договорот, и е одобрено продолжување на помошта за отплата на јавниот долг до крајот на април, под истите услови кои важеа досега, што подразбира структурни реформи и мерки на штедење.
„Грција се обврза да спроведе широк процес на реструктуирања и на време да ги подмири своите обврски кон кредиторите“, им рекол на новинарите после состанокот претседателот на еврозоната Јерун Дајселблум.
Грците за викендов имаат многу работа бидејќи во понеделникот треба да му го достават на Брисел својот план на реформи кои, доколку бидат позитивно оценети, ќе овозможат до крајот на април да се изврши ревизија на важечкиот програм и да направат корекции.
„Институциите во вторникот ќе оценат дали планот на грчката влада е добра стартна основа за ревизија во април“, рекла синоќа Кристин Легард, шефицата на ММФ.
Германскиот парламент веројатно ќе го поддржи четиримесечното продолжување на програмот за помош на Грција, под услов официјална Атина , како што и ветила, да претстави нов пакет реформи, изјавил член на владеачката партија ЦДУ Фолкер Каудер.
„На грците сега им преостанува да ја направат својата домашна задача. После тоа, Бундестагот ќе може да изгласа продолжување на програмот на помош“, рекол тој.
Како што пренесуваат медиумите, грчката влада веќе почнала да работи на пакетот економски реформи, а министерот за финансии Јанис Варуфакис најавил дека ќе работи ден и ноќ до понеделник како би го подготвил бараниот план на реформи, пренесува Би-Би-Си.
И често, како што рекол, ќе разговара со претставниците на „институциите“ кои треба да ги одобрат реформите.
„А ако на институциите во понеделник нашите реформи не им се допаднат, тогаш имаме проблем. Тогаш договорот е мртов“, предупредил Варуфакис.
Деталите за планот се уште не се знаат, а аналитичарите наведуваат дека пропаста на договорот би ги оживеал стравовите за излаз на Грција од еврозоната, а тоа е нешто што и Брисел и Атина сакаат да го избегнат.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




