Добивај вести на Viber
Европската Комисија изрази загриженост поради судирите меѓу полицијата и антивладините демонстранти во Софија и ги повика двете страни да покажат воздржаност, пренесе Канал 5 телевизија.
- Јавниот ред и правото на демонстрации во Бугарија е внатрешно прашање и ЕК ги повикува сите страни да покажат воздржаност - изјави портпаролот на еврокомисијата Оливие Баи.
Бугарската полиција вчера изутрината, околу три часот, ја проби блокадата пред парламентот во Софија што ја поставија антивладините демонстранти и безбедно извлече повеќе од 100 министри, пратеници, новинари и претставници на синдикалните организации.
Демонстрациите на граѓаните во центарот на Софија се во знак на протест против корупцијата и сиромаштијата, со барање, владата на Пламен Орешарски да поднесе оставка.