Добивај вести на Viber
Растот на британската економија забрза во вториот квартал од годината, достигнувајќи 0,6 отсто во однос на претходниот квартал, покажуваат службените податоци објавени денеска.
„Бруто домашниот производ (БДП) порасна во второто тромесечје за 0,6 отсто во споредба со првото тромесечје, кога стапката на раст изнесуваше 0,3 отсто“, соопшти Бирото за национална статистика (ONS).
На годишно ниво, пак, британската економија во второто тромесечје порасна за 1,4 отсто.
Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн ги поздрави овие податоци, утврдувајќи дека британската економија закрепнува, но предупреди дека патот е уште долг.