Бродовите во Грција го пуштаат сидрото – протестираат до утре
Објавено во: Балкан 01 Мај, 2015 12:06
Вработените во грчките фериботи го продолжија штрајкот. Тој ќе трае до утре. Тоа го соопштија од синдикатот на работниците во поморскиот транспорт.
Бродовите се единствениот начин да се стигне до најголемите грчки острови, на кои нема аеродроми. Штрајкувачите инсистираат да добијат гаранции дека работните места во сферата на патничките превози ќе бидат задржани.
Грчките медиуми објавија дека властите ја разгледуваат можноста да прибегнат до вонредни мерки за да се опорави нормалното движење на фериботите. Штрајкот на работниците во фериботите почна минатиот четврток.
Денес во Грција ќе се одржат и други протести. Двата главни синдикати во Грција - на вработените во приватниот сектор ГСЕЕ и на државните службеници АДЕДИ, повикуваат за масовно учество денес во штрајкови и протести по повод Први мај - Меѓународниот ден на трудот, соопштуваат грчките медиуми.
"Со единство и борба ги опстојуваме правичните барања се бориме и штрајкуваме за отстранување на политиките на штедење, за да се обезбеди и да ги возобновиме работничките и социјалните права", се вели во соопштението на двете синдикални централи.
Одделен митинг закажал и синдикатот ПАМЕ на комунистичката партија.
Во цела Грција денеска се планирани бројни манифестации за одбележување на Меѓународниот ден на трудот, кои се организираат од различните работнички центри. Такви манифестации ќе има во Триполи, Каламата, Спарта, Коринт, Навплио, Патра, Пиргос, Кавала и Ксанти.
"Овогодишниот Први мај се совпаѓа со Пристигнувањето на пет години од оној страшен ден, во кој нашата земја се покажа како окована во синџирите на ропството и зависноста на тројката (ЕУ, ЕЦБ, ММФ). Работничката класа и пензионерите буквално беа доведени до очај", се вели во соопштението на морскиот синдикат.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




