Бројот на странски туристи расте и во октомври! КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА СКОПСКИТЕ ХОТЕЛИЕРИ?
Објавено во: Економија 17 Декември, 2024
Анализата на расположливите податоци на Државниот завод за статистика води кон заклучок дека скопските хотели со 4 и 5 ѕвездички оствариле најмалку 40.000 ноќевања на странски туристи во октомври. Со оглед на ценовниот дијапазон достапен на сервисот „Букинг“ просечна цена по ноќевање за скопски хотели со категоризација од 4 или 5 ѕвезди, во просек, не е пониска од 70 евра по лице за ноќ. Апроксимативно приходот од остварени ноќевања на странски туристи во скопските хотели не е помал од 2,8 милиони евра во октомври
Бројот на странски туристи во Македонија во октомври е зголемен за 15 отсто, а бројот на ноќевања на странските туристи е зголемен за 10 отсто, во споредба со истиот период лани. При тоа Скопје е главна туристичка дестинација односно „хотспот“ на странските гости. А скопските хотели и сместувачките капацитети учествуваат со половина во сите остварени ноќевања во октомври, покажуваат најновите официјални податоци на Државниот завод за статистика достапни на следниот линк https://www.stat.gov.mk/pdf/2024/8.1.24.39_mk.pdf
Бројките покажуваат континуиран раст на бројот на странски туристи, кои се клучен индикатор за работењето на хотелиерите во периодот што во нивниот жаргон е познат како „оф топик“ односно период меѓу две високи сезони.
Според официјалната статистика на ДЗС во Скопје во октомври странците оствариле 69.427 ноќевања. Тоа е речиси 50 отсто односно половина од сите ноќевања кои странците ги оствариле во Македонија.
Фокусот на оваа кратка анализа ќе го ставиме на скопските хотели. Јавно достапните податоци на големиот светски туристички агрегатор на понуди „Букинг“ (оригинално Booking) он-лајн глобален сервис за резервации покажуваат дека Скопје во својата понуда има околу 40 хотели кои декларираат сместување со категоризација од четири или ѕвездички.
Во понудите на хотели со категоризација од четири ѕвездички пишува дека цена за ноќевање по лице во еднокреветна стандардна соба чини меѓу 40 и 80 евра во зависност од атрактивноста на локацијата на која се наоѓа хотелот, но и од пропратните услуги кои ги нуди.
Кај хотелите со 5 ѕвезди кои се значајно помалку на број од тие со четири ѕвезди понудата за букирање на соба за ноќ е од 80 до 120 евра во зависност од конфорот што се бара.
Во структурата на ноќевања ДЗС нема прецизна евиденција за тоа колку ноќевања во хотели со категоризација се реализирани според градови. Со оглед на тоа дека Скопје има најмногу хотели со категоризација и дека Скопје е домаќин на речиси половина од сите ноќевања во октомври минимум е дека скопските хотели со четири и пет ѕвездички за своите странски гости обезбедиле над 40.000 ноќевања в октомври.
Просечната цена за ноќ во хотел (категоризација со четири или пет ѕвездички) во Скопје не е пониска од 70 евра. А во вкупните странски ноќевања во Скопје најмалку 60 отсто отпаѓаат на сместувања во хотели со четири или пет ѕвездички.
Сумата која се добива укажува дека прометот на скопските хотели (четири и пет ѕвезди) во октомври изнесува помеѓу 2,8 и 3 милиони евра остварени од ноќевања на странски гости.
Н.С.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.