Ванделт: Македонскиот извоз е намален поради кризата на германската економија
Објавено во: Економија 17 Декември, 2024
Антје Ванделт, директорката на германската комора во Македонија, денес пред медиумите рече дека Германија е најголем инвеститор и најголем трговски партнер на Македонија, но и дека во последниот квартал од годинава е намален извозот поради кризата со која се соочува германската економија.
Сепак првиот човек на АХК Северна Македонијa, германските инвеститори очекуваат дека во вториот квартал од наредната година ќе се зголеми производството и извозот.
- Она што го забележавме како Германска стопанска комора е дека во последниот квартал од 2024 година има благ пад на извозот, но германските компании очекуваат во вториот квартал од 2025 година повторно враќање во нормала и повторно зголемување на производството и извозот. Исто така не радува дека голем број од германските компании во автомобилскиот сектор кој што произведуваат не се насочени само кон механичкото производство, туку голем дел од нив произведуваат компоненти наменети за електричните возила, изјави Ванделт.
Таа претходно рече дека автомобилска индустрија доживува транзиција и „поминува низ една фаза во која треба да се надминат одредени препреки“.
- Точно е тоа дека ќе има влијание врз производствените компании, односно компаниите добавувачи кои што испорачуваат од Македонија за Германија, но она што е добро е дека германските инвестиции кои се во државата не се сите во областа на автомобилската индустрија, заклучи Ванделт.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.