Добивај вести на Viber
Од 2010 година навака, бројот на трансакции на меѓународниот девизен пазар се зголемил за 30% , соопштија од Банката за меѓународни порамнувања.
Просечната вредност на дневните инвестиции достигнала 5.300 милијарди долари, што е за 32,5% повеќе од 2010 година, кога тој износ бил 4.000 милијарди долари.
Меѓународниот девизен пазар непрестано се зголемува уште од своето настанување во 1976 година. Тоа е единствениот пазар чиј број на трансакции продолжува да расте без разлика на инвестициската криза, пренесува АФП.
„Меѓу комплексноста на пазарот на акции и слабата рентабилност на обврзниците, пазарот на девизи претставува еден од главните адути на инвеститорите“, се наведува во извештајот.