05 Декември, 2025
0.0550

БУЏЕТ ЈАНУАРИ: се трошеше повеќе за плати, стоки и услуги! 

Објавено во: Финансии 21 Март, 2015 09:23

Добивај вести на Viber

Позитивниот економски тренд од лани, продолжи и годинава. Но во првиот месец од 2015 та, според НБРМ е регистриран пад на приходите од ДДВ. Владата за еден месец потрошила 12% од планираниот буџетски дефицит за целата година. Помалку оптимизам доаѓа и од опкружувањето. Имено, новите проекции на Народната Банка упатуваат на намалување на јавната потрошувачка, што може да биде нова закана за македонската економија. Помали приходи од ДДВ, раст на јавната потрошувачка.. Економскиот раст продолжува и годинава. Иако овие оценки се базираат врз основа на мал број на податоци, според НБРМ, сепак овој позитивен тренд продолжил и со почетокот на оваа економска година. Сепак, анализите на Народната Банка, сумирани во новиот мартовски Извшетај, покажале дека во јануари е регистриран пад на приходите од ДДВ. Во исто време, наместо намалување на јавната потрошувачка, во првиот месец од годинава е регистиран раст, и тоа пред се како резултат на повисоките расходи за плати и за стоки и услуги, констатира Народната банка. “Овие констатации во поглед на јавната потрошувачка се поврзуваат со повисоките расходи за плати и за стоки и услуги, како и повисоките трансфери за здравствена заштита.“ Во првиот месец од годинава буџетскиот дефицит изнесувал 2,2 милиони денари, што преставува 12% од вкупниот буџетски дефицит за оваа 2015 та година. “Во однос на неговото финансирање, буџетскиот дефицит беше финансиран од домашни извори преку повлекување депозити од денарската сметка на државата кај НБРМ и нови емисии на државни хартии од вредност“, констатира НБРМ. Во јануари е регистриран раст на извозот за 23,8%, пред се како резултат на извозните остварувања на новите производни капацитети, но и како резултат на закрепнувањето на извзот на металопреработувачката индустрија. Кај увзото, на годишно ниво е забележено намалувања за 3,1%, што пак е резултат на високиот пад на енергетскиот увоз. Она што се прелеа како негативен тренд од лани е намалување на конкурентноста на домашната економија. “Во јануари 2015 година, показателите за ценовната конкурентностна домашната економија продолжија да бележат умерено влошување на годишна основа“, се наведува во извештајот. Странската побарувачка ќе се намалува... Ослабува оптимизот за странската побарувачка. Имено, наспроти октомвриската прокеција дека годинва странската побарувачка ќе биде со раст од 1,5%, сега прокециите на НБРМ се во надолна кореција, за раст на побарувачката од 1,2%. “Надолната ревизија во најголема мера произлегува од попесимистичките оцени за економиите во соседството, односно од очекуваната економска стагнација во Србија, и во помал дел, од понискиот очекуван раст на БДП на  Бугарија.“, се наведува во новиот мартовски извештај на НБРМ. Не само за странската побарувачка, корекција во проекциите има и за стапката на инфлација, која и натаму ќе биде во пад, пред се поради очекувањата за значително понска инфлација во Германија, како и очекувањата за пониски увозни ценовни притисоци од Србија и Хрватска. Д.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката