05 Декември, 2025
0.0296

БУЏЕТ, НОЕМВРИ: Дефицит од 311 милиони евра!

Објавено во: Финансии 12 Јануари, 2015 08:33

Добивај вести на Viber

Во претпоследниот месец од 2014 та година во Буџетот се слеале 196,1 милиони евра, а на расходната страна се одлеале 212,6 милиони евра. Според новите податоци од Министерството за финансии, во ноември во однос на октомври забележано е намалување на вкупните буџетски приходи за 26 милиони евра. На приходната страна, на месечно ниво има намалување на приходите од речиси сите даноци, од ДДВ, Персоналниот данок на доход, Данокот на добивка, од акцизи, од увозни давачки и од други видови на даноци. Така, од ДДВ, данокот кој има најголемо учество во структурата на даночните приходи, во ноември се слеале 63,1 милион евра а од Персоналниот данок на доход 115,7 милиони евра. Податоците покажуваат дека пониски приходи се обезбедиле и од придонесите за здравствено и пензиско осигурување. Така, по однос на приливи за здравствено осигурување се слеале 165 милиони евра, што во однос на октомври претставува намалување за 1,5 милиони евра. Од плаќање на придонесите за пензиско осигурување се обезбедени 39,3 милиони евра, за 3,6 милиони евра. На расходната страна е регистриран ноемвриски пораст на ставката за исплата на плати и надоместоци, за што биле потрошени 32,1 милион евра. Во ноември, за исплата на камати за домашни и странски долгови биле потрошени 4,2 милиони евра. Преку ставката каитални трошоци, која ја одразува развојната страна на буџетот, се одлеале 15,6 милиони евра или дури 11 милиони евра помалку во однос на октомври кога за капитални раходи биле потрошени 26,2 милиони евра. Заклучно со ноември, или за единаесет месеци, буџетскиот дефицит изнесува 311 милиони евра, а за да го задржи планираното ниво на дефицит од 319 милиони евра, во декември Владата требала да потроши уште само 8 милиони евра. Д.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката