05 Декември, 2025
0.0482

Буџет 2013 : Подлабок дефицит– послаби капитални инвестиции !

Објавено во: Финансии 29 Јануари, 2014 08:31

Добивај вести на Viber

Помалку даночни приходи, подлабок дефицит во буџетската каса. Првичните, прелиминарни податоци за реализацијата на Буџетот за 2013 та година покажуваат дека лани, и покрај ребалансираниот буџет, годината заврши со неоствариени проекции. На страната на вкупните приходи има потфрлување од 145 милини евра, додека на расходната страна се реализирани 147 милиони евра помалку. Не се остварија ниту вкупните капиталните инвестиции. Дупката во буџетската каса е зголемена за речиси 5 милиони евра во однос на она што беше планирано за 2013 та година. Помалку пари од ДДВ, повеќе од акциза и увозни давачки!  Во 2013 та година Владата во државната каса по основ на вкупни буџетски приходи, собра 2 милијарди и 277 милиони евра. Оваа сума е за 145 милиони евра помалку од планираните 2,4 милијарди евра, проектирани со ребалансираниот буџет. Потфрлување има и на страната на расходите, наместо 2,7 милијарди евра, државата  потрошила скоро 2,5 милијарди евра. Декемвриските податоци за реализација на Буџетот упатуваат на потфрлувања и на расходната и на приходната страна. Еве што планираше, а што реализираше Владата лани:
  •                                                                   План                                 Остварување       
  • Вкупни приходи           2,4 милијарди евра                   2,2 милијарди евра
  • Вкупни расходи            2,7 милијарди евра                   2,5 милијарди евра
Ако се анализира приходната страна, во делот на приходите од даноци и придонеси, податоците на Министерството за финансии покажуваат дека има значајно потфрлување кај оваа ставка. Така,  Владата планирала да обезбеди нешто повеќе од 2 милијарди евра, а собрала 1,9 милијарди евра од даночни приходи и придонеси.  Приходите од носечкиот данок ДДВ заклучно со декември изнесуваат 647 милиони евра и во однос на планираните 733 милиони евра, лани приходите од овој данок потфрлиле за околу 87 милиони евра. Лани, повеќе пари се собрале по основ на акциза и увозни давачки. Неостварените проекции се прекршија и врз дефицитот – лани тој е поголем за скоро 5 милиони евра од планираниот. Така, во 2013 та година, според податоците на Министерството за финансии бил планиран дефицит од 313 милиони евра, а годината завршила со дупка во државната каса од 317 милиони евра.
  •                                                           Планиран                                  Остварен 
  • Буџетски дефицит      313,0 милиони  евра                    317, 6 милиони евра
И во ланската 2013 та година, според податоците, Владата не успеа во целост да ги реализра капиталните инвестиции. Според планот, требаше да бидат потрошени скоро 328 милиони евра, додека реализацијата изнесува 270 милиони евра, или во буџетската 2013 та година капиталните инвестиции потфрлија со 20 проценти.
  •                                                                   Планирани                        Остварени 
  • Капитални инвестиции       327,7 милиони евра            270,0 милиони евра
Лани, рабелансот на Буџетот беше усвоен од владеачкото мнозинство на почетокот од ноември. Владата го прошири буџетскиот дефицит од 3,5% на 3,9%, со образложение дека обезбедува дополнителни 29 милиони евра – финансиска инјекција за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и за Министерството за образование. СДСМ : Владата создаде историски најдлабок дефицит! Иако ланските владини очекувања за позначаен економски раст беа обоени со оптимизам, сепак податоците покажуваат дека во 2013 та година власта собрала скоро идентично ниво на приходи како и во 2012 та година – оценуваат од опозициската СДСМ. Според партијата, лани актуелната власт го трошела до сега најголемиот буџетски дефицит. “Во 2013 година остварен е историски најголемиот дефицит во независна Македонија. Владата потрошила 313 милиони евра повеќе од она што го собрала во државната каса. Тоа го преминува планираниот дефицит изгласан со ребалансот на Буџетот. Во 2013 се реализирани најмали капитални инвестиции во последните три години во износ од 270 милиони евра. За ова говори и податокот дека во 2013 во првите девет месеци бруто инвестициите паднале за 15 проценти“ – оцени Кире Наумов од СДСМ и додаде : “Во 2013 власта собрала скоро идентично ниво на приходи како во 2012, или поточно само за 1,5 процент повеќе од 2012. Доколку власта тврди дека економијата расте за 3,5 отсто и имајќи ја во предвид инфлацијата, овој податок создава дилема. Или растот на економијата не е 3,5 проценти или директорот на УЈП некому прогледува низ прсти. Трето нема“ – изјави Наумов. ВМРО ДПМНЕ: Двојно ги зголемивме каиталните инвестиции! Додека од опозицијата упатува порака до власта да не ја потценува интелегенцијата на народот, од владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ возвратија со аргумент дека  просечните капитални расходи се двојно зголемени откако оваа парија е на власт, наспроти 9,9 милијарди денари, колку што изнесувале од 2002 до 2005 кога СДСМ беше на власт. “Ако ги споредите 2005 и 2013 година, капиталните инвестиции во инфраструктурата пораснале за 277 отсто,  а ако споредбата се направи меѓу 2005 и 2014 година, тогаш зборуваме за фантастичен раст на капиталните инвестиции во инфраструктурата од 487 отсто. Откако оваа Влада дојде на власт, изградени се и реконструирани 1.012 километри патишта, 287 училишта, 61 градинка, 178 канализациски мрежи, 150 водоводни мрежи итн., напиша  во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата посочува дека годинава ќе почне изградба на два нови автопата, Миладиновци - Штип и Кичево - Охрид, ќе продолжи изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица, ќе се врши изградба, реконструкција или рехабилитација на нови 63 километри патишта, меѓу кои и делниците Велес - Катланово и Миладиновци - Куманово и ќе се гради магистралната гасоводна линија од Клечовце до Штип. ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата наведува и дека ќе почне изградба на пругата кон Бугарија за која додава дека е единствената капитална инвестиција на СДСМ од која има „неколку жици што зјаат“. - Парите ги потрошивте, а пругата ќе ја гради сега Владата на ВМРО-ДПМНЕ, додава владејачката партија во одговорот до СДСМ. А.Д.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката