03 Декември, 2024
0.1008

Буџет 2014: развоен, изборен или вовед во нова политичка пресметка!?

Објавено во: Финансии 21 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Кој и како ќе ја полни буџетската каса до година, проектирана на скоро 3 милијарди евра ? Дали стопанството ќе успее да го испорача економскиот раст од 3,2 отсто? Ќе има ли промена во даночната политика?Дали новите казни и заострената фискална дисциплина – ќе придонесат да се зголемат приходите во новиот Буџет? Владата исцрта контури на најгломазен буџет Со проекции за раст на расходите и на приходите од 7 отсто, Владата догодина планира да го троши досега најголемиот Буџет од скоро 2,9 милијарди евра. Еве колку пари планира да собере и да потроши власта во економската 2014 та година : Буџет 2014 та : - приходи   2 милијарди и 568 милиони  евра - расходи    2 милијарди и 865 милиони евра - буџетски дефицит 300 милиони евра Според буџеските позиции, догодина дефициот во државната каса ќе изнесува 3,5 % од Бруто Домашниот Производ, или во апсолутна бројка близу 300 милиони евра. Според креаторот на фискалната политика, и со оваа стапка на буџетски дефицит државата ќе остане во зоната на умерена задолженост а дупката ќе се финасира преку домашни и странски задолжувања. “Буџетскиот дефицит од 3,5 проценти е оптимален и обезбедува да се  даде посериозна поддршка на капиталните инвестиции, како  и во делот на пораст на плати, социјалата, пензиите и субвенциите, но истовремено со сите тие зголемувња, да не се излезе од долгорочната рамка за одржливо ниво на буџетски дефицит и долг“ – рече министерот за финансии Зоран Ставрески. Како извор на финасирање на минусот во државната каса ги понуди подолгорчните хартии од вреднос, за кои не се  очекува поместување на каматната стапка, но како опција се и задолжувањата на  странските пазари. Според Ставревски, зависно од условите ќе бидат искористени еврообврзници или комбинација со гаранција од Светска банка. Во буџетската 2014 та година, според Владата јавниот долг останува во контролирани рамки. Тој ќе се движи околу 34% во  2015 та година и 37,6 % во 2016 та година. Од останатите економски параметри, до година владата планира умерена инфлација од околу 3 отсто. Пораст од 20% ќе има кај ставката за капитални инвестиции кои во 2014 та ќе изнесуваат 365 милиони евра. Според Владата, вака конципираниот Буџет е во функција на стопанството, со директна поддршка преку капиталните инвестиции. Според првичните оценки на опозицијата, Буџетот е во функција на имиџот и рејтингот на власта. Во интервју за “Тренд“ на 24 Вести, универзитетскиот професор и потпретседател на СДСМ Ванчо Узунов оцени: “Наводно е скроен Буџет по мерка за стопанството, но во суштина е продолжување на оваа политика која што ја спроведува оваа Влада веќе седум години а тоа е се да биде во функција на изборите, рејтингот на Владата и тоа да бидат премиерот и другите многу сакани. А за стопанството да не се буни, се проектира еден дел на зголемени капитални инвестиции “ – изјави Узунов. Казни, глоби и повисоки даноци? Проекцијата за зголемување на буџетските приходи догодина треба да е одраз на зголемената економска активност на стопанството а не на нови давачки и казни за компаниите – сметаат економистите. Бизнисмените, кои ги поздравија владините планови за новата буџетска 2014 та година, посочуваат дека Владата не смее да отстапи од сегашната даночна политика. “Ценам дека сегашната политика на даноци покажа позитивни резултати. Евентуалното зголемување на даноците нема да биде подржано од бизнис заедницата. Според сегашната поставеност, даночната политика е избалансирана. Според мене, даноците не треба ниту да се зголемуваат ниту да се намалуваат. Ако се намалат, се отвора простор за создавање на буџетска дупка кој ќе генерира финасиска криза кој би се прелеала во приватниот сектор и би генерирала ликвидносни проблеми. Доколку пак се зголемат, ќе се доведе во прашање сегашната позиција на стопанството, односно колку тоа ќе може да ги реализира планираните даночни приходи“ - вели за “Фактор“ стопанственикот Антони Пешев. Неодамна, преку колумна, економистот Кире Наумов  ја елаборираше својата теза за можен пораст на одредени даноци. Тој напиша : “Тешко е да се предвиди што ќе се случи попрво. Јас типувам на зголемувањето на даноците. Зголемувањето на акцизите испадна само капка во празниот бунар. Ни следува зголемување на данокот на приход од авторски права, според некои гласишта дури до 60 отсто. Тоа е крај на фамозниот „рамен данок“, но воедно и почеток на крајот на една халуцинирачка економска седмолетка, за која сите дебело ќе платиме.“ - оценува Наумов. Официјално, Владата не планира промена во сегашната даночна политика, но веќе најави заострена фискална дисциплнина и за граѓаните и за фирмите кои навреме нама да ги подмируваат обврските меѓусебе и во бизнис – релациите со државата. “Должникот кој нема да ги исполни роковите ќе му се пресметува и наплатува казнена камата, согласно Законот за облигациони односи.За прв пат се предвидува и надомест за доцнење без претходно потсетување и опомена на должникот. Предвидени се и прекршочни глоби и за субјектите од јавниот и за субјектите од приватниот сектор“ - изјави премерот Груевски. Приватниот сектор сеуште е во криза, законското решение не треба да се сведе само на казни, порачаа од Стопанската Комора на Македонија. “Одредбите на законот пред се, треба да бидат во функција на зголемување на дисциплината, за што се надеваме дека во рамките на јавно-приватниот дијалог заедно ќе формулираме соодветни одредби за таа цел, како не би имале закон само за казнување, имајќи ја предвид моменталната крајно изострена меѓусебна задолженот“ - напиша во соопштение претседателот на Комората Бранко Азевски. Добро е што Владата проектира оптимизам за догодина, но треба да објасни како ќе ги реализира тие планови – како резултат на економски раст или на нови задолжувања што треба да го крепат зголемувањето на платите за администрацијата и пензиите за пензионерите - вели еден од поранешните министри за финасии Никола Поповски. “Владата предвидува еконосмки раст од 3,2 %, но не наведува мерки со што тоа ќе го поттикне.. Дури и во оние години кога имаме пораст на БДП единственото тоа со што тој се поттикнува е градежниот сектор преку  проектите во центарот на Скопје. Затоа пак, немаме мерки во индустријата, во трговијата, во сообраќајот. Следната година имаме повторно ситуација во која се предвидува дефицит од 3,5 % и тоа е веќе четврта или пета сукцесивна континуирана година, во која дефицитот во однос на БДП е повисок отколку растот на БДП. Математичкиот заклучок е дека се зголемува задолженоста на Република Македонија“ - вели Поповски за “Фактор.“ Што им понуди владата, а што бараат бизнисмените? Промена на тендерските правила за домашните компании, формирање на инвестициски фондови и докапитализација на Македонската Банка за поддршка на развојот – ова се дел од мерките, кои според стопанствениците, можат да му помогнат на приватнииот сектор догодина. “Решенијата за подршка на стопанството преку Буџетот за 2014 та треба да се бараат на повеќе пунктови. Прво, сметам дека треба повеќе и посилно да се докапитализира Македонската Банка за подршка на развојот. Да се зголеми нејзиниот потенцијал за подршка на компаниите. Второ, сметам дека мора да се усвои механизам за поддршка преку инвестициски фонодови, концепт кој се применува во повеќе земји од регионот. Станува збор за фондови кои би влегле во период од 3 до 4 години, се додека компанијата не застане на свои нозе“ - објаснува Пешев и додава: “Едно од можените решенија што владата треба да ги спроведе доколку сака да му помогне на бизнисот е и елеминирање на рестрикциите за домашните компании при конкурирање на тендери на македонскиот пазар. Смета дека контролата треба да олабави. Според одредени проеценки, станува збор за суми и до 1 милијарда евра што се врата на тендерите. Овие пари треба да зврашат кај домашните компании а за тоа е потребно да се направи измена во сегашните преференцијални правила. “ Клучниот инфраструктурен проект во економската 2014 та година ќе биде стартот на изградбата на два автопати, на исток, Скопје-Светиниколе-Штип и на запад, Кичево-Охрид.  За да го реализира овој проект Владата обезбеди кинески кредит од скоро 600 милиони евра. Поучени од досегашното искуство, осбено од прокетот за игадба на делницата Демиркапија-Смоквица, кој го доби грчка фирма, а домашните компании се јавуваат како подизведувачи, бизнис заедницата смета дека што поскоро треба да се направат законски измени што ќе им овозможат на домашните компании да добијат дел од “тендерскиот“ колач што ќе се готви со странски кредити. “Нашите фирми не се способни да аплицираат на вакви големи тендери, но како подизведувачи многу од нив се користат како подизведувачи директно во големи патни инфраструктурни проекти, кои пак понатаму ќе  придонесат за брз проток на патници и стока и за развој на туризмот. Овие капитални инвестиции ние ги бараме цело време затоа што тие  прават реверзибилен процес на инвестиции во нашето стопанство“ – изјави  Златко Калеников, претседател на Сојузот на стопански комори. За компаниите од црната индустрија – нема ново пролонгирање на еколошките стандарди. На оние што нема да ги добијат интегрираните еколошки дозволи заклучно со април 2014 та година, им се заканува клуч на врата. Д.А.  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ПЛАТИ 6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА УМЕТНИЧКА БАНАНА: На крај ја изеде

ПЛАТИ 6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА УМЕТНИЧКА БАНАНА: На крај ја изеде

ОВА ВО ЗИМА НЕНОРМАЛНО ЈА КАЧУВА СМЕТКАТА ЗА СТРУЈА: Никој не е ни свесен дека поради ова месечно се губат многу пари

ОВА ВО ЗИМА НЕНОРМАЛНО ЈА КАЧУВА СМЕТКАТА ЗА СТРУЈА: Никој не е ни свесен дека поради ова месечно се губат многу пари