25 Април, 2024
0.0279

БУЏЕТ 2015: Само за камати ќе се платат рекордни, скоро 100 милиони евра!

Објавено во: Финансии 16 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Буџетот за 2015-та година стаса во Собрание. Најмногу пари или повеќе од 1,3 милијарди евра ќе трошат за социјални трансфери. Значајно зголемување на расходната страна има и кај трошоците за исплата на камати по основ на домашни и странски задолжувања. Владината проекција за економски раст од 4%, според дел од бизнисмените е амбициозна. Сметаат дека големо влијание ќе имаат новите негативни сигнали од Европа за негативен економски раст во дел од европските економии, меѓу кои и Германија, стартешкиот партнер на Македонија. За социјални трансфери – 1,3 милијарди евра... И догодина Владата го зголеми буџетот за стоки и услуги, за социјала, за плати. Помалку пари ќе има за субвенции и трансфери, но зголемена е буџетската издашност за камати по основ на долгови. Најголема буџетска ставка остануваат социјалните трансфери кои се искачија на ниво од 1,3 милијарди евра. Потоа само за исплата на плати и надоместоци догодина буџетот е зголемен за 14 милиони евра. Ставката за стоки и услуги се зголемува за 700 илајди евра а за исплата по основ на камата за скоро 100 милиони евра. Еве колку пари и за што ќе се одлеат од Буџетот за 2015 та: Плати и надоместоци 397,5 милиони евра Стоки и Услуги 303,7 милиони евра Субвенции и трансфери 203,6 милиони евра Социјални трансфери 1,3 милијарди евра Камата 97,2 милиони евра “Во текот на 2015 година 45.570 милиони денари се наменети за исплата на пензии и во истите е предвидено зголемување на пензиите за 5% во просек почнувајќи од септемвриската пензија, со исплата во октомври 2015 година. За исплата на паричен надоместок во случај на невработеност за невработените лица планирани се средства во износ од 1.400 милиони денари, а за спроведување на активните политики и мерки за вработување планирани се 325 милиони денари“, се посочува во новиот прокетиран Буџет. Догодина, според очекувањата на Владата, економијата ќе испорача раст од 4%. Главен генератор се очекува да биде градежништвото, но раст треба да прикажат и другите сектори. Еве ги проекциите за економски раст по сектори: Градежништво 7,5% Услужни дејности 3,3% Земјоделство 2,5% “Позитивниот раст на индустриското производство се предвидува да продолжи и во текот на 2015 година, со проектирана стапка на раст од 4,4%, согласно зголемениот производен потенцијал на земјата како резултат на инвестициите во слободните економски зони“, се посочува во предложениот Буџет. Според прогнозите, бруто инвестициите следната година ќе се зголемат за 8,0% а личната потрошувачка за 3% како резултат, како што посочува предлагачот, на зголемувањето на платите и на бројот на вработени. Проектираниот раст од 4% е оптимистички и амбициозен, но сепак остварувањата зависат и од вантрешни и од надворешни фактори, оценуваат бизнисмените. “Треба да ги земеме предвид новите економски трендови во Европа кои укажуваат дека дел од европските економии, вклучувајќи ја и Германија која е наш стратешки партнер, повтроно се соочуваат со криза. Проектираната стапка на економски раст од 4% не е неостварлива но е амбициозна. Поголеми стапки на раст сеуште не може да се оставрт не само поради кризата во Европа туку и поради тоа што нашата економија е извозно ориентирана, сега и со зголемен удел на компаниите од Слободните економски зони, и мал дел од тој позитивен ефект останува дома. Домашниот бизнис пак се однесува резервирано, би кажал и исплашено во однос на економската неизвесност што доаѓа од надвор“, вели за “Фактор“ бизнисменот Антони Пешев. Буџетот од скоро 3 милијарди евра го оценува како очекуван но смета дека растот во однос на годнишениот буџет се должи на зголемени суми за трансфери до фондовите. “Дел од парите ќе се наменат за затворање на обврските на фондовите каде ќе биде неопходно вбризгување на пари. Генерлно сметам дека вака скроениот Буџет е последица на изборниот процес во текот на оваа година, кога имаше зголемени и непланирани трошења“, вели Пешев. На расходната страна догодина за капитални расходи Владата планира да потроши нешто повеќе од 344 милиони евра. Иако вкупниот буџет е зголемен за 5%, кај ставката која треба да ја обезбеди развојната компонента, во однос на сегашниот буџет има зголемување за околку 2 милиони евра. Во делот на капиталните расходи, според министерот за финансии влегуваат нови, но и веќе започнати проекти. Буџетски дефицит: ќе се бараат пари од странство, домашните задолжувања ќе замрзнат? Буџетскиот дефицит догодина е понизок од годинава и е предвиден на ниво од 3,5% од БДП, или 300 милиони евра. Министерот за финансии изјави дека Владата има пари да го финанисра дефицитот и зацртаните проекти без нови задолжувања. “Имаме доволно обезбедени средства за реализација на зацртаните проекти, финансиски сме обезбедени со еврообврзницата. Не предвидуваме ново задолжување на домашниот пазар и нема да има позајмици од банките. Ќе ги одржиме и понатаму на високо ниво макороекономската и фискалната стабилност“, рече Ставрески. Во предложениот Буџет се посочува дека Владата на домашен терен со нови задолжувања ќе ги рефинасисра обврските што доспеваат и тоа со издавање на долгорочни хартии од вредност, тренд кој почна со стартот на оваа 2014 та година. “Финансиските средства за проектираниот дефицит за 2015 и отплатата на долговите кон странство воглавно се обезбедени во 2014 година преку издавањето на Еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал, а останатиот дел ќе се обезбеди од странски извори (поволни кредити од меѓународни финансиски институции и кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти)“, пишува во предлог Буџетот и се додава : “Во однос на задолжувањето на домашниот пазар ќе се врши рефинансирање на хартиите од вредност кои достасуваат во 2015 година, без ново задолжување. Притоа, основна заложба на Министерството за финансии ќе биде зголемување на рочноста на издадените хартии од вредност, и посебен акцент ќе биде ставен на издавање на државни обврзници со рок на достасување од 2, 3, 5 и 10 години со цел оптимизација на исплатите и намалување на ризикот за рефинансирање.“ Предлагачот вели дека новиот Буџет е во функција на исполнување на приоритетите на оваа Влада, а како што посочи, тоа се поддршка на стопанството и приватниот сектор преку капитални инвестиции, но и стандардот на граѓаните. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ