28 Ноември, 2024
0.0845

Буџет: ќе се стега ременот или ќе се продлабочува минусот во државната каса?

Објавено во: Финансии 27 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Од почетокот на годината – мај се покажа како најслаб „буџетски“ месец, со остварени вкупни приходи од 171,3 милиони евра. Во истиот месец, владата потрошила 190,2 милиони евра или 19 милиони евра повеќе отоколку што собрала. Буџетскиот дефицит во мај изнесува 18,8 милиони евра. Дали ќе биде неопходен ребаланс на буџетот? Буџетски дефицит Владата потроши 70% од буџетскиот дефицит што го планираше за годинава. Заклучно со мај минусот во државната каса изнесува нешто повеќе од 200 милиони евра. Ова значи дека од јуни до крајот на годината од вкупниот буџетски дефицит, позициониран на 288 милиони евра, остануваат за трошење уште 30% или околу 80 тина милиони евра. Две опции и остануваат на располагање на владата. Прво, или да го стегне ременот за трошење во седумте месеци, колку што преостануваат до крајот на 2013 та година, што би значело ребаланс на буџетот или да го продлабочи буџетскиот дефицит, како што тоа го направи лани, без да направи ребаланс на буџетот. Владата вети дека по минатогодишното зголемување на буџетскиот дефицит од 2,5% на 3,5%, ќе остане на ова ниво. Домашната експертската јавност предупреди дека не смее да се оди на продлабочување на минусот во буџетската каса. Планираниот буџетски дефицит за годинава Владата ќе го финансира главно со кредитното задолжување од 250 милиони евра преку Дојче Банк, зад кое како гарант застана Светска Банка. Секое натамошно продлабочување на буџетскиот дефицит ќе значи и нови задолжувања за негово финасирање. „Според мое мислење фискалниот простор за натамошни задолжувања е потрошен. Сегашното ниво на задолженост ќе влијае врз цената на сите евентуални натамошни задолжувања. Кога се одредува каматата на задолжувањата, за кредиторите е исклучително важно нивото на задолженост на една земја – објасни неодамна Марјан Николов од Центарот за економски анализи. Слични порака испратија и меѓународните финасиски институции. Европската Банка за обнова и развој даде оценка за сегашните позиции на буџетскиот дефицит. “Владата го одржува нивото на буџетскиот дефицит во рамките на зацртаните 2,5 проценти од БДП, но во 2012 та и 2013 та година, зацртаните нивоа се зголемени на 3,5 % од БДП, како резултат на растот кој беше помал од очекуваниот и на зголемените раходи. Порастот на потрошувачката е главно порзан со намалувањето на акумулираните долгови и зголемените пензии. Тоа доведе до мал пораст на државниот долг од 28 проценти од БДП во 2011 та година на 31 процент од БДП во 2012 та година“ – беше оценето во последниот, најнов Извештај на ЕБОР. Приходи и расходи Во мај, вкупните буџетски приходи изнесуваат 171,3 милиони евра. Во споредба со претходните четири месеци, во мај е реализирано најмало ниво на вкупни буџетски приходи. Анализата на бројките покажува дека во петтиот месец од годинава даночните приходи изнесуваат 157,2 милиони евра и во однос на април, кога изнесувале 179,9 милиони евра, тие се намалени за 22,7 милиони евра. Помаку пари се собрани од Персоналниот Данок на Доход, Данок на Добивка и Увозни Давачки. Поголеми приходи се обезбедени од ДДВ и од Акциза. На расходната страна, Владата потроши 190,2 милиони евра или скоро 19 милиони евра, повеќе отколку што изнесуваат мајските приходи. Под ставката “капитални трошоци“ се потрошени 14,4 милиони евра и во однос на април, оваа сума речси е преполовена. Да или не за ребаланс?   По забрзаното темпо на „ситнење“ на буџетскиот дефицит во изборниот шпиц за време на Локалните избори 2013 та години, економистите укажаат дека Владата чекори на „тенка“ линија, соочена со опасност, а подоцна и неопходност да направи прекројување на буџетската каса, односно ребаланс на буџетот. Според дел од експертите што ги консултираше “Фактор“, мајските податоци укажуваат дека и натаму касата се полни со побавно темпо од предвиденото, а дека буџетскиот дефицит се тенчи со забрзана динамика. Според нив, не е исклучено да се направи ребланс на буџетот некаде по завршување на летото. Она на што укажуваат е дека не смее да се повтори ланското сценарио, кога, без ребаланс на буџетот, дефицитот во касата се зголеми на 3,5%. “Мислам дека би било опасно владата да го повтори ланското сценарио и без ребаланс на буџетот, да направи зголемување на буџетскиот дефицит, односно без остварена економска активност од една страна и кратења на трошењата од друга страна, државата да го продлабочи буџетскиот дефицит кој неминовно ќе мора го финасира со нови задолжувања“ – изјави неодамна за “Фактор“ универзитетскиот професор Предраг Трпевски. Неговиот колега, универзитетскиот професор Трајко Славевски пак за “Фактор“ објасни дека буџетските приходи од ДДВ се значаен показател за можен ребаланс. “Според мене најзагрижувачка треба да биде наплатата на ДДВ. Тоа е најиздашниот данок кој во вкупните даночни приходи учествува од 50 до 60 отсто.Останатите даноци, за чии приливи  има натфрлување, учестуваат со 10 проценти во вкупната даночна структура“ – оценува професорот и додава : „Генерално, ребаланс на буџетот е нормална работа, но проблематична станува во оној момент кога има позначаен пад на приходите“ Откако во април беше регистриран буџетски суфицит, министрот за финасиии Зоран Ставревски изјави дека Буџетот е во добра кондиција и дека до крајот на годинава ќе се исполнат сите буџетски проекции. „Буџетот е во добра кондиција, дефицитот е на предвиденото ниво, долговите редовно се сервисираат, а има и реални шанси годинава да ја завршиме со предвидениот раст на економијата од 2%“ – изјави министерот за финансии. Засега, нема најава од Министерството за финасии дали се планира ребалансирање на буџетската каса. Д.А.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОМПАНИИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ПОДИГНУВААТ ПО 10 МИЛИОНИ ЕВРА - еве ги условите за користење пари од унгарскиот кредит

КОМПАНИИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ПОДИГНУВААТ ПО 10 МИЛИОНИ ЕВРА - еве ги условите за користење пари од унгарскиот кредит

АМЕРИКАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТАР ПРЕДУПРЕДУВА: Хонг Конг стана центар за перење пари и избегнување санкции

АМЕРИКАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТАР ПРЕДУПРЕДУВА: Хонг Конг стана центар за перење пари и избегнување санкции

ФЕД НАЈАВУВАА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ - НО ПОСТЕПЕНО: еве што значи тоа

ФЕД НАЈАВУВАА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ - НО ПОСТЕПЕНО: еве што значи тоа

ЗА БАНКАРИТЕ И ФОНДОВИТЕ НЕМА ЗИМА, ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА И ПЛАЌА ДОБРИ КАМАТИ - нови обврзници од 90 милиони евра

ЗА БАНКАРИТЕ И ФОНДОВИТЕ НЕМА ЗИМА, ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА И ПЛАЌА ДОБРИ КАМАТИ - нови обврзници од 90 милиони евра

ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА КОПАОНИК: Еве колку чини да стасате до скијалиштето

ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА КОПАОНИК: Еве колку чини да стасате до скијалиштето

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти