05 Декември, 2025
0.1222

Буџет во ДОБРА КОНДИЦИЈА или допрва почнува СТЕГАЊЕ НА РЕМЕНОТ?!

Објавено во: Финансии 04 Мај, 2014 20:04

Добивај вести на Viber

Владата смета дека во моментов не е потребен ребаланс на буџетот, иако повеќе од 200 милиони евра од буџетскиот дефицит веќе е потрошен. Сепак, според министерот за финансии до тоа дошло поради исплатата на субвенциите. „Буџетот е во рамки на планираните параметри. Исплатата на субвенции за тутун секогаш повлекува повисоки расходи на Буџетот, меѓутоа во текот на останатиот дел од годината ќе има помали расходи, така што засега бројките не бараат никакви пресметки за ребаланс. Доколку има потреба во иднина, како и секоја година, ќе се пристапи кон ребаланс, но засега и приходната и расходната страна се во рамки на планираното“, изјави Ставрески. Претходно екс гувернерот Гошев за Фактор, велеше дека актуелната политика на расходната страна само ја турка Македонија во нови долгови. “Со вакво темпо на трошење речиси е невозможно Владата да го оддржи планираниот буџетски дефицит, кој практично значи задолжување. Точно е дека сега се исплаќаат на пример субвенции кои претходно требале да бидат исплатени. По изборите, кога ќе се запре со исплата на субвенции практично се генерира нов долг по овој основ. Токму на ваков начин, со одложување на обврските се “создава скриен“ дефицит кој е поголем. Од друга страна ние, исто како и лани, можеме да се доведеме во состојба во која Владата ќе троши повеќе отколку што е овластена од страна на Собранието. Сметам дека со сегашното темпо на трошење, буџетскиот дефицит и оваа година ќе се продлабочи, а со тоа и долговите на земјата, без разлика дали тоа ќе бидат задолжувања од домашни или од странски кредитори“ – вели за “Фактор“ еден од поранешните министри за финансии и екс-гувернер Петар Гошев. Буџетскиот дефицит до 19 ти март изнесуваше 207,7 милиони евра. Според министерството за финансии, реализацијата на буџетот е во согласност со планираната динамика. Во предизборниот извештај на министерството за финансии пишуваше дека со „ваквата реализација на буџетот се обезбеди нормално функционирање на сите институции корисници на средствата од Буџетот и навремено сервисирање и исплата на сите законски обврски. Реализацијата на приходите и расходите на Буџетот на Република Македонија е согласно планираната динамика и истата непречено се одвива согласно ликвидноста на Буџетот. “ – пишува во Предизборниот извештај на Министерство за финансии. Економистите посочуваат дека за да се одржи планираниот буџетски дефицит од 300 милиони евра или 3,5% од БДП, Владата постизборно ќе мора да силно да го стегне ременот, односно да забави со трошењата. Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката