БУЏЕТ: за седум години – потрошени 16,5 милијарди евра!
Објавено во: Финансии 23 Август, 2013 07:49
„Нема дилема за ребаланс на буџетот и тој треба веднаш да се направи, но не со намера да се зголемат трошоците, туку со цел радикално да се намалат непотребните трошоци што постојано се зголемуваат и со тоа да се создаде простор за преполовување на дефицитот во оваа и наредните години“ – вели екс-министерот за финансии Никола Поповски и додава :
“Растот на буџетот во последниве 6-7 години за скоро 1 милијарда евра не реши ни еден од големите економски проблеми на Македонија (низок економски раст, низок животен стандард, висока невработеност и висока сиромаштија) па затоа продолжување на истата економска политика и нејзино проширување би било непродуктивно тапкање во место и одземање на шансите за подобра иднина. Тоа, едноставно не даде резултати“ – смета Поповски.
Како, каде и за што се трошат буџетските пари? Дали задолжувањата дома и во странство завршуваат за инвестиции? Дел од економистите што ги косултираше “Фактор“ повикуваат на поголема буџетска транспарентност.
“Главен прблем е тоа што Владата повеќе не усвојува Фискална Стратегија за управување со јавниот долг. Тоа е сериознен проблем што ја доведува во прашање буџетската транспарентност. Она што сега е значајно, тоа се препораките на Меѓународниот Монетарен Фонд, кој порача неколку работи. Прво, дека Владата мора да го усвои стратешкиот документ, односно фискалната Стратегија, потоа дека, не само што не смее да се зголемува, туку и дека треба да се намалува буџетскиот дефицит, и секако да се забави со натмошното зголемување на јавниот долг. “ – објаснуваат економисите.
За да се зголеми транспарентноста, ММФ неодамна посочи дека Владата треба повторно да почне со објавување на Фискална Старегија, документ кој би ги содржел прокециите за буџетските остварувања и динамиката на задолжување и раздолжуање на државата.
Кои буџетски проекти ги вети Владата?
За оваа економска година Владата предвиде реализација на капитални инвестиции во вредност од 304 милиони евра.
Според анализата на “Фактор“, заклучно со јуни 9 последни расположливи податоци), реализирани се 130 милиони евра или 43% од проектираните капитални расходи.
Еве кои се клучните капитални инвестиции што се планирани во Буџетот за 2013 та година:
-Интензивирање на реализацијата на Проектот за доизградба на автопатот на Коридор 10, на делницата Демир Капија – Смоквица. Начин на финасирање : сопствени средства, користење на кредитно задолжување од ЕБОР и ЕИБ и средства од ИПА фондовите.
-Проектот за доизградба на Железничкиот Коридор VIII во делот Куманово-Бељаковце
-Во делот на одржување на постојната железничката инфраструктура, предвидена е реконструкција на железничката пруга на Коридор X. Начин на финасирање : заем од ЕБОР.
-Вложувањата во енергетиката и комуналната инфраструктура во вредност од околу 33,3 милиони евра.
-За уредување на технолошко индустриски развојните зони – вложување од 6,7 милиони евра.
-За здравствениот сектор планирани се инвестиции од околу 35,1 милион евра за изградба и реконструкција на јавни-здравствени установи. Начин на финансирање : буџетски средства и кредит од Банката за развој при Советот на Европа.
-Во областа на образованието, капиталните инвестиции се позиционирани на ниво од околу 31,1 милион евра, наменети за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, детски градинки, изградба на училишни и спортски сали, реконструкција на ученички и студентски домови опремување
-За земјоделскиот сектор планирани се капитални инвестиции во вредност од 15,8 милиони евра за изградба на хидростеми и инвестиции за подобрување на конкурентност и модернизација на земјоделски стопанства
Токму висината на капиталните инвестиции беше клучниот владин адут со кој се правдаше зголемувањето на буџетите од година во година. Сепак, досегашната пракса покажа дека при ребаланс на буџет, најпрво се крати токму од ставката на капиталните расходи.
„При евентуален ребаланс, вообичаено државите не се одлучуваат да ги намалат инвестициите туку ги намалуваат тековните непродуктивни трошоци. Кај нас простор за тоа има доволно, иако и да се намалат јавните инвестиции тоа нема да е многу штетно бидејќи најголем дел од нив во услови на кризата се тотално непродуктивни (административни згради, споменици, паркови, плоштади и сл.) Впрочем и самата Влада во минативе години постојано нив ги намалуваше кога нудеше ребаланси на буџетите“ – вели поранешниот министер Никола Поповски.
Според Владата токму капиталните инвестиции треба да помогнат во закрепнување на економијата.
“Одржувањето на умерено ниво на дефицит, во услови кога значителен износ на средства се наменуваат за инфраструктурни инвестиции и адекватно ниво на социјална заштита, позитивно ќе влијае врз заздравување на македонската економија и надминување на негативните последици од светската економска криза.“ - пишува во Буџетот за годинава.
Според сегашните буџетски проекции, дефицитот во касата е проектиран на 3,5% од Бруто Домашниот Производ.
J.J.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





