05 Декември, 2025
0.0280

БУЏЕТОМЕТАР: Дали институциите се доволно транспарентни во трошењето на народните пари?

Објавено во: Финансии 27 Ноември, 2014 09:22

Добивај вести на Viber

Дури 90% од институциите не ја прикажуваат завршната сметка за потрошените пари во текот на една буџетска година. Ниту една од 60-те набљудувани буџетски институции не може да се оцени како буџетски транпарентна. Ова се дел од наодите од најновото истражување посветено на транспарентноста во трошењето на народните пари од страна не невладината организација “Прогрес“. Според економистите, за поголема буџетска транспаретност потребна е политичка волја. Проектот “Скопје 2014“ – пример за нетранспарентност? Само 3,3 проценти од мониторираните институции на својата веб страна го објавиле тековниот буџет, 39% не објавуваат никакво објаснување за разликата во предвидените и реализираните расходи, 72% не го објавуваат стратешкиот план, а 80 % не ја објавуваат работната програма за тековната година – ова го покажува најновото истражување посветено на транспарентноста во трошењето на буџетските пари. “Она што го покажуваат меѓународните, а и нашите искуства, е дека овој проблем може да се реши тогаш кога ќе постои политичка волја, тоа е пресудно. Ако нема политичка волја, ние можеме да носиме закони, кампањи, проекти и се е тоа попусто, ако нема волја кај политичарите да ги објавуваат податоците и транспарентно да работат. Тука има една новост односно потврда дека и во Македонија дека политичарите го прават тоа што граѓаните навистина ќе го побараат од нив. Протестот на студентите јасно покажа дека ако навистина се кренат граѓаните, политичарите после тоа ја прифаќаат критиката и се однесуваат како што треба.“ - смета универзитетскиот прфесор Ванчо Узунов. Како единствен позитивен пример за објавување на месечните буџетски извештаи е Фондот за здрaвствено осигурување. “Трошењето на народните пари е апсолутно нетранспарентно, за жал тоа сеуште можеме да констатираме иако 20 години се учиме што значи тоа да се транспарентен, да се биде одговорен и да се отчет како се трошат јавните пари и тоа се принципите за добророт управување, нешто што кај нас сеуште не можеме да го констатираме. Ако го погледнеме само сегментот на трошење пари за јавни набавки, тоа според извештајот на Бирото за јавни набавки е една третина од буџетот , тоа се многу големи средства. Ќе видиме исто така дека двојно се зголемил бројот на јавните набавки со договори до 5.000 евра . Значи се изнаоѓаат начини како да се оди кон помали набавки за кои што не треба да се објавуваат договорите за набавки или да се дава отчет.“ - смета Слаѓана Тасева, претседателка на организацијата „Транспаренси Интернешнал“ Според Тасева, и натаму нетранспарентноста во трошењето на народните пари е добра подлога за нивна злоупотреба. “Во нетранпарентноста лежи најголемат аможност за злоупотреба на јавните пари, барањето да се избегне да се даде отчет значи дека се сака нешто да се сокрие и тука лежи најголемиот ризик од корупција. Начинот на кој се трошат јавните пари односно нивната намена останува проблематично и тоа се случува секогаш без добро утврдени програми и без да се утврдат потребите за граѓаните , сепак намената на буџетот е да обезбеди подобар живот на граѓаните.“ – вели Тасева и додава: “Статистичките податоци покажуваат дека најголем број на тендери се спроведени за избор на проектни и архитектонски решенија во минатат година , значи три пати повеќе од сите други, и излегува дека ние сме држава која што повеќе има потреба од градење на споменици и згради, отколку од јавни набавки за инфрастуктура или од областа на здравството и образованието.“ - оценува Тасева според која пример за нетранспарентоност е извештајот за реалзиација на проектот Скопје 2014 преку општината Центар. И неодамнешното истражување на Центарот за економски анализи и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ покажа ниско ниво на транспарентност во трошењето на парите на локално ниво. Тоа покажа дека голем број, или дури 90% од институциите не ја објавуваат завршната сметка. Ниту една од институциите во својот буџет не вклучува аутпут показатели за расходните програми. Само  13,3% од институциите објавуваат годишни или полугодишни извештаи за реализација на програмите од буџетите. Д.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката