Буџетот на Грција има дупка од 1,62 милијарди евра
Објавено во: Балкан 11 Јули, 2013
Државниот буџет на Грција, за првите шест месеци, има дупка од 1,62 милијарди евра информира заменик-министерот за финансии Христос Стајкурас.
Според него, „црната дупка“ во буџетот се должи на „маркетиншки фактори“ и особено на недостигот од собирањето на приходите.
Недостиг е регистриран при собирање даноци од физички лица и ДДВ. Чистите приходи во државниот буџет биле 22,56 милијарди евра.