12 Мај, 2025
0.0261

БУЏЕТОТ ПАК ПОРАСНА ИАКО ЕКОНОМИЈАТА НЕМА ДА РАСТЕ КАКО ШТО СЕ ОЧЕКУВАШЕ – министерката бара одговорно работење од сите институции

Објавено во: Финансии 18 Јули, 2024 07:37

Добивај вести на Viber

Наместо штедење и кратење, Буџетот се зголеми по ребалансот, и ќе тежи рекордни 5,89 милијарди евра, актуелниот тежи 5,5 милијарди евра. Буџетски дефицит од 585 се зголемува на 720 милиони евра. Приходите во Буџетот се проектирани на 5,17 милијарди евра што е за околу 130 милиони евра повеќе. Дополнително, економијата нема да порасне како што првично се најавуваше со 3,4 отсто, туку само 2,1 процент, додека инфалцијата ќе биде на ниво од 3,5 отсто.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска напомена дека остварувањата во првиот квартал од 2024 година како и одредени статистички индикатори за вториот квартал јасно покажуваат дека првично проектираниот БДП е неостварлив. Посочи дека во првиот квартал од 2024 година економската активност имала раст од 1,2 проценти со што продолжила динамиката од претходните кваратали, која резултираше со низок просечен раст од 1 процент во текот на 2023 година. Според неа, во втората половина од годината се очекува забавување на инфлацијата, односно стабилизирање на цените на храната и на енергијата.

Елаборирајќи ги новите буџетски проекции, таа рече дека вкупните приходи во буџетот се планирани на ниво од 318 милијарди 150 милиони денари и бележат зголемување за 8 милијарди 22 милиони денари.

-  Ова зголемување е резултат на повисоко остварување на придонесите, а се темели на зголемување на платите во дел од јавните институции, како и очекувањата за раст на платите во приватниот сектор - рече Димитриеска Кочоска.

Притоа, како што посочи со ребалансот се обезбедени 4,1 милијарда денари за плати од кои 1,1 милијарда за блок дотации кои не биле планирани во основниот буџет. Напомена дека во дел од инситуциите имало планирано плати до јуни. Во однос на расходите таа рече дека 5 милијарди денари се предвидени за исплата на пензиите.

-  Тука мора да напоменам дека планираните средства за 2024 година би биле доволни доколку декемвриската пензија не била реално исплатена во јануари. Значи, реално евиденција на пензиите од декември имаме во јануари - рече таа.

На овој начин нереално бил прикажан помал буџетски дефицит за 2023 година од 7 милијарди денари и тоа е една од причините што сегашниот буџетски дефицит бележи раст.

- Обезбедивме 5,1 милиијарда денари за сервисирање кредитни обврски кон меѓународни финансиски инситуции во име на државни и јавни претпријатија, како ЈПДП, ЈСП, Железници, ЕСМ кои не се во состојба да ги враќаат кредитите за кои се издадени државни гаранции. Согласно закон, Министерството за финансии има обврска да ги враќа. Последиците од крајно расипничкото работење во овие претпријатија паѓа на товар на граѓаните. Како и да е, за тоа треба да има одговорност - рече Димитриеска Кочоска.

За исплата по судски решенија се обезбедени 600 милиони денари, односно, како што посочи, штетите кои ги трпи буџетот по основ на извршни исправи е огромен за што само за 2023 година биле исплатени 1,6 милијарди денари.

Обезбедени се една милијарда денари за исплата на законската финансиска помош во зоните, којашто претходната влада ја знаела, но не ја обезбедила во буџетот, потоа 322 милиони денари за ДИК за исплата на медиумите кои не биле испланирани, а согласно Изборниот законик за нив постои законска обврска, 644 милиони денари за студентски оброк и за стипендии исто така законска обврска која не била предвидена.

За капитални инвестиции во општините се предвидени 6 милијарди денари.

- За Мој ДДВ обезбедени се 1,3 милијарди денари кои не беа обезбедени во постоечкиот Буџет и од тука може да заклучите дека претходната влада не се грижела ниту за вработените, за пензионерите, земјоделците, спортистите, младите, а воедно не преземала ништо да го сопре грабежот во јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост - рече Димитриеска-Кочоска.

Истакна дека е несфатливо како на сметки на дел од институциите имало речиси 14 милијарди денари или повеќе од 200 милиони евра.

- Секоја инситуција треба да разбере дека извршува јавна дејност, троши народни пари и од таа причина треба да настапува домаќински. Тоа значи дека овие средства треба да ги користат со цел да го намалат оптоварувањето во Буџетот. Имено, за овие средства се земаат кредити за кои годишната камата е речиси 13 милиони евра. Сметам дека секоја институција треба да располага со сопствените сметки и истите да ги користи за тековни или капитални расходи со цел да се намали оптоварувањето во Буџетот - рече таа, додавајќи дека во овој момент тие пари стојат на сметки без никаков позитивен ефект, туку само креираат трошоци. 

Кочоска потенцираше дека јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост при склучување на Колективните договори треба да побараат мислење од Министерството за финансии, а при имплементација на Буџетот, буџетските корисници да не преземаат обврски над обезбедените средства со буџетот за соодветната фискална година.

На општините, јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост им се препорачува да ги консолидираат финансиите, односно да преземат активности за наплата на сопствените приходи како и да ги намалат непродуктивните трошења.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ЛЕТЕЧКА ПАЛАТА ЗА ТРАМП: Кралското семејство на Катар го почести Трамп

ЛЕТЕЧКА ПАЛАТА ЗА ТРАМП: Кралското семејство на Катар го почести Трамп

СИТЕ ВРАБОТЕНИ ЌЕ ЗНААТ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ НИВНИТЕ КОЛЕГИ: Се воведува нов закон, транспарентноста на платите ќе биде задолжителна

СИТЕ ВРАБОТЕНИ ЌЕ ЗНААТ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ НИВНИТЕ КОЛЕГИ: Се воведува нов закон, транспарентноста на платите ќе биде задолжителна

ПОЧЕТНА ПЛАТА 8.000 ЕВРА! Пратениците се со полни паричници, еве колку заработуваат во Германија

ПОЧЕТНА ПЛАТА 8.000 ЕВРА! Пратениците се со полни паричници, еве колку заработуваат во Германија

КРАЈ ЗА АИРБНБ? Градови низ целиот свет воведуваат забрани - Балканот е следниот на удар

КРАЈ ЗА АИРБНБ? Градови низ целиот свет воведуваат забрани - Балканот е следниот на удар

ЦЕЛА НИЗА НОВИ ДАНОЦИ И ПРОПИСИ: Ако патувате во Грција, бидете внимателни - воведени се многу построги правила

ЦЕЛА НИЗА НОВИ ДАНОЦИ И ПРОПИСИ: Ако патувате во Грција, бидете внимателни - воведени се многу построги правила

БИЗНИС ОД СОНИШТАТА: Заработија 318.000 долари за еден месец благодарение на камерите

БИЗНИС ОД СОНИШТАТА: Заработија 318.000 долари за еден месец благодарение на камерите

НАРОДНАТА БАНКА ЌЕ БИДЕ ОВЛАСТЕНА КАКО ОРГАН ЗА РЕШАВАЊЕ НА БАНКИ - министерката Гордана Димитриеска-Кочовска во новото издание на банкарскиот е-билтен

НАРОДНАТА БАНКА ЌЕ БИДЕ ОВЛАСТЕНА КАКО ОРГАН ЗА РЕШАВАЊЕ НА БАНКИ - министерката Гордана Димитриеска-Кочовска во новото издание на банкарскиот е-билтен

КОЈ ПЛАТИ 152 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - поминаа два блока, ова е цената на акцијата

КОЈ ПЛАТИ 152 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - поминаа два блока, ова е цената на акцијата

СРПСКАТА АЛТА БАНКА ЈА „ПИКИРА“ СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - ова се деталите

СРПСКАТА АЛТА БАНКА ЈА „ПИКИРА“ СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - ова се деталите