Буџетот под лупа: што откри државната ревизија?
Објавено во: Финансии 25 Октомври, 2013 08:44
Спорни – отсуството на ребаланс и Фискална стратегија !
Буџетот, како документ е изготвен и усвоен во законските рокови, но тоа не се случи и со Фискалната стратегија за среднорочен период од три години со која Министерството ги прдлага насоките и целите на фискалната политика – пишува во извештајот на Државниот ревизор.
“Донесувањето на Фискалната стратегија овозможува успешна реализација на целокупниот процес на планирање и извршување на Буџетот, како и зајакнување на врската меѓу стратешките приоритети “ – оценува ревизорот.
Во исто време, ревизијата известува дека во фаза на подготовка на Буџетите во изминатите години, во делот на усогласување на буџетските барања, дел од барањата не ги содржеле сите предвидени обрасци, дел од барањата пак на буџетските корисници отстапувале и биле поголеми од максимално утврдените износи од страна на Владата.
“Наведените состојби продолжуваат и се присутни во фаза на подготовка на буџетот за 2012 та година, што создава ризик од неневремена и некомплетна реализација на програмите за одделни буџетски корисници“ – оценува ревизорот кој препорачува:
“Учесниците во процесот на планирање на Буџетот своите активности да ги вршат согласно законските барања и законските утврдени рокови“.
Ревизијата утврдува и неправилности на реалција централна власт – општини, имено во согласност во законите, 4% од вкупно наплатените приходи од данокот на додадена вредност треба да завршат на сметка на општините.
“Иако реализацијата на приходите во текот на 2011 та година отстапува од планот, не е извршено изменување и дополнување на Буџетот за 2012 та година во делот на дотации од данокот на додадена вреност како дополнителен приход во буџетите на општините“ – пишува во Извештајот и се додава :
“Ревизорот препорачува во услови кога реализацијата на приходите значително отстапува од планот, Министерството за финансии да предложи до Владата изменување и дополнување на буџетот за тековната година.“
Ревизијата открива дека од вкупно 13 јавни претпријатија, 11 доставиле Извештаи за прегледот на годишните сметки и извештаи за работењето во 2011 та година. Седум јавни претпријатија прикажале загуба, додека едно јавно претпријатие по остварената добивка не уплатило средства во Буџетот. Други две јавни препријатија, прикажаната добивка, со одлука на Влада, парите ги распределиле за покривање на загубите од претходната година.
По основ на правосилни судски одлуки, во кои како должник се јавува државата, во текот на 2012 та година од ставката “Функции на државата, од Буџетот се исплатени 4,2 милиони евра. Дополнително, по истиот основ, буџетските корисници платиле 3,5 милиони евра. Поради ненавремено исполнување на обврските по правосилни судски одлуки, дури 44% од исплатените средства лани се однесувале на камата и други трошоци.
Ревизија на УЈП и Царинската Управа!
Ревизорите извршиле контрола на системот на Управата за јавни приходи за планирање, евидентирање и наплата на даночните приходи. Воспоставениот систем на размена на податоци за наплата на персоналниот данок на доход, на релација УЈП- Министерство за финансии се оценува како позитивен, во насока на намалување на ризикот од грешки и пропусти во евидентирањето и реализирањето на приходите од персоналниот данок на доход. Сепак,ревизорот препорачува да се најде механизам како да се наплатат побарувањата по основ на овој данок.
“Потребно е УЈП и Министерство за финансии да преземат активности за преиспитување на можноста за наплата на побараувањата по основ на персонален данок на доход од даночните обврзници и преземање на мерки доколку не постои можност за нивна наплата“ – пишува во извештајот.
Во мај 2011 та година, Управата за јавни приходи формирала Центар за наплата на глоби и други јавни приходи. Еве што констатира ревизорот :
“По извршената анализа на доставената документација и спроведените интервјуа со одговорните лица задолжени за наплата на овој вид на приходи, ревизијата констатира дека УЈП не располага со комплетна и целосна евиденција за побараувањата по основ на глоби и трошоци изречени во парнични, прекршочни, кривични и управни постапки, од причина што не е извршено целосно примопредавање на предметите за наплата на трошоци на постапката од страна на Државното правобранителство, што не е во согласност со одредбите од Законот за даночна постапка, Законот за Управата за јавни приходи и Судскиот деловник“.
Во текот на 2012 та година, УЈП примила и обработила 65 591 со изречени глоби, паушали и трошоци од судовите и други органи кои биле овластени да изрекуваат парични казни кои не биле платени и за кои УЈП има надлежност да спроведува присилна наплата.
Во делот на побарувањата по основ на глоби и трошоци во парнични, прекршочни кривични и управни постапки не се евидентирани во ниту еден финансиски извештај, порад што ревизорот оценува дека се отежнува планирањето на приходите по овие основи. Државната ревизија препорачува да се интензивираат започнатите активности за надминување на оваа состојба.
На Царинската Управа и на УЈП, ревизорот им препорачува да продолжат со отпочнатите активности за наплата на побараувањата по основ на надместокот за тутун и тутунски производи.
Од десетте препораки, што Државниот ревизор ги упати на адреса на Министерството за финасии за буџетската 2011 та година, три препораки биле спроведени, четири воопшто не биле спроведени додека за две препораки спроведувањето било во тек.
Одговор на Министерството за финансии!
На адреса на Државниот ревизор, своја забелешка испрати Министерството за финансии. Во неа посочува дека се извршени измени на Законот за буџети со кои треба да се обезбеди поголема усогласеност и конзистентност на стратешките планови на буџетските корисници.
“Доколку буџетските корисници не изготват и не достават квантифицирани стратешки планови усогласени со предлог буџетското барање, ќе се смета дека буџетското барање не е комплетно и истото ќе се врати на доработка, во утврден рок. Ако буџетскиот корисник не постапи по укажувањето, ќе се смета како воопшто да не доставил буџетско барање “ – му пишува Министерството за финансии на Државниот ревизор.
Министерството тврди дека во планирање на Буџетот целосно се почитуваат сите законски одредби и дека на буџетските корисници им дава точни и јасни насоки за почитување на максималните износи на расходи.
Во однос на наплатата на пресоналниот данок на доход, Министерството за финансии вели дека ревизијата дала генерална констататација и дека не било јасно посочено кој период наназад е земен предвид при утврдување на вкупниот износ на ненаплатени побарувања.
Во однос на констатацијата за отсуство на податоците за побарувањата по основ на глоби и други трошоци, Министерство му пишува на Ревизорот дека причината треба да се бара кај Државното правобранителство кое треба да изврши физичко примопредавање на предметите, заедно со пополнет образец во електронска форма. Постапката сеуште била во тек, посочуваат од Министерство за финансии.
Д.Д.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





