05 Декември, 2025
0.0368

БУЏЕТОТ ПОД НАПОН: три сценарија како да се издржи годината!

Објавено во: Финансии 22 Август, 2013 08:17

Добивај вести на Viber

Владата ја пресметува јулската буџетска сметка и чека да заврши овој месец - од што ќе зависи дали ќе има ребаланс на буџетот. Економистите предупредуваат – нема дилема дека има потреба од прекројување на буџетската каса, но прашање е како тоа ќе се направи. “Фактор“ ги анализира можните механизми за „ребалансирање“ на Буџетот. Прво сценарио: зголемување на буџетскиот дефицит Ланското сценарио, во кое Владата со одлука го зголеми нивото на буџетскиот дефицит од 2,5% од БДП на 3,5% од БДП би било погубно – оценуваат економисите.
„Секое натамошно зголемување на буџетскиот дефицит е самоубиствено сценарио. Меѓународниот Монетарен Фонд веќе изготви стартегија, односно прогноза до 2018 та годиниа и секое непочитување во однос на буџетските препораки може да значи опасност од губење на логистиката од фондот“ – објаснуваат аналитичарите за “Фактор“.
Секое продлабочување на буџетскиот дефицит – значи нови задолжувања, што би го довеле во прашање економскиот капацитет на земјата за отплата на долговите во иднина, смета поранешниот министер за финасии Никола Поповски.
„Нивото на буџетскиот дефицит во Македонија веќе 3-4 години по ред е превисок (над 3% од БДП) и не постојат никакви можности за негово ново зголемување бидејќи задолжувањата за неговото финансирање се и онака превисоки. Сепак Владата води политика со која за сите нејзини потреби, доколку нема редовни извори од буџетот, се задолжува и го зголемува дефицитот односно задолжувањето. Ако се води сметка за интересите на граѓаните и економската одржливост на долг рок, тогаш дефицитот треба под итно да се преполови. Обидите за негово зголемување, како во случајот со буџетот во 2012 година, би биле тотално неодговорно однесување. Македонија нема економски капацитет за несметано сервисирање на буџетски дефицит од над 3% од БДП на среден и долг рок. “ – вели Поповски за “Фактор“.
За годинава владата проектираше дефицит од 287 милиони евра, кој главно го покри со кредитот од Дојче Банк во вредност од 250 милиони евра, но и преку задолжувања на домашан терен. Второ сценарио: „тивок“ ребаланс Дел од пратениците што ги консултираше “Фактор“ се сомневаат дека Владата ќе предложи ребаланс на Буџетот, што пак значи и отворање на дебатен фронт во Собранието. Пратенците од опозицијата објаснуваат дека обидот да се избегне ребаланс на Буџетот ќе го толкуваат како уште еден потег на Власта, по настаните од 24 декември 2012 та година, да избега од дебата за начинот на кој се трошат парите на граѓаните и на приватниот сектор. Наместо ребаланс, кој треба да добие собраниска виза, како опција, за која се зборува во собраниските колуари, е и можноста за “тивко“ прекројување на буџетската каса.
„Обидите било какви буџетски прекројувања да не се прават со ребаланс  во Собранието, туку да се озваничат со одлука на Владата или само да се констатираат со Завршната сметка на буџетот во Собранието се незаконски и тие де факто ги одземаат овластувањата на и онака веќе обезвластеното Собрание. Нема држава во светот во која Владата одлучува за буџетските алокации и тоа е суверено право исклучиво на законодавната власт “ – објаснува Поповски и додава: „Спротивното, доколку тоа повторно се случи како и во 2012 година, создава сериозен проблем во уставниот поредок на државата, односно тоа ги оддалечува избраниците на граѓаните од нивното право да одлучуваат околу трошењето на јавните пари, а ги зголемува овластувањата на извршната власт надвор од Уставот“ – оценува Поповски.
Според постечката законска регулатива Собранието на Република Македонија одлучува  за прераспределби помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, но сепак Законот за Буџет дозволува одредени внатрешни прераспределби на парите со одлука на министерот за финансии или на Влада. Трето сценарио: ребаланс на буџет Во очекување на јулската сметка за буџетските приходи и расходи,  Министерството за финансии брои денови и до завршување на август – месец од кој, според министерот за финансии Зоран Ставрески, ќе зависи дали Владата ќе предложи ребеланс на буџетот.
„Ќе почекаме  да  видиме како ќе помине август и тогаш ќе видиме дали има потреба  од какви било корекции. Но, она што е најзначајно е дека во целина реализацијата  на Буџетот и на приходите е во рамки на планираното“ – оцени неодамна министерот за финансии Зоран Ставрески.
Во првата половина од годината се потрошија  80% од планираниот буџетски дефицит. Според економистите, токму овие бројки сигнализираат дека сегашните буџетски прокеции нема да истраат до крајот на годината. Дополнително, и дел од приходите прикажаа намалување, осбено на оние од носечкиот Данок на додедена вредност. Анализата на “Фактор“ покажува дека за годинава Владата од овој данок планираше да собере 733,5 милиони евра. Заклучно со јуни, приходите од овој данок изнесуваат 291 милион евра или 40% од планираното заклучно со јуни. Од Министерството за финансии тврдат дека буџетот е во добра кондиција, навреме се исплаќаа плати, придонеси и социјални надоместоци и дека веќе се прават пресметки за новата буџетска 2014 та година.
„Јас сум фокусиран заедно со  Министерството за финанси и со другите министерства на изработката на буџетот за 2014 година. Веќе ги почнавме подготовките и разговорите со  министерствата. Во исто време  ќе се работи и на среднорочната рамка односно на индикативните буџети  за 2015 и 2016 година“ - изјави Ставрески.
За годинава, според сегашните буџетски позиции, Владата планира да собере 2,4 милијарди евра а да потроши 2,6 милијарди евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката