05 Декември, 2025
0.1207

БУЏЕТОТ ЗА ПЕНЗИИ ЗА СЛЕДНАТА ГОДИНА СЕ ЗГОЛЕМИ – растат приливите од вработените, но и трансферот од државната сметка

Објавено во: Финансии 23 Септември, 2025 07:44

Добивај вести на Viber

Согласно најновиот финансиски план за Буџетот на Фондот за  пензиско и инвалидско осигурување во Македонија ќе се зголемат средствата кои следната година ќе влезат во буџетот, но воедно ќе се зголемат и трошоците поради пораст на бројот на пензионери, како и поради планираниот раст на пензиите.

Согласно проекцијата за буџетот на Фондот за следната година оваа институција ќе потроши 2,4 милијарди евра, со што ќе го зголеми својот трошок од годинешните планирани 2,2 милијарди евра.

Во оваа сума влегуваат сите трошоци на Фондот, но убедливо најголема ставка се секако социјалните трансфери, или исплатите на пензиите, за кои се планира 1,9 милијарди евра.

-  Фондот во 2026 година ќе ги реализира функциите во рамките на вкупно планираните расходи во износ од 149.380,05 милиони денари, кои ќе се финансираат од оценетите приходи во износ од ниво на 149.380,05 милиони денари. Со проекциите на приходите и расходите на Фондот дефицитот во 2026 година е планиран во износ од 41.682,95 милиони денари – се посочува во Предлогот за буџетско барање на Фондот.

Во Буџетот на Фондот како годишен план на приходите и расходите се вклучени планираните приходи и тоа од придонеси, потоа средства од Буџетот на Републиката, од акцизите на нафтените деривати, од продажбата на акции и удели и дивиденда како и од други приходи.

Во расходниот дел се вклучени расходите за пензии и надоместоци, придонесот за здравствено осигурување, транзиционите трошоци, трошоците за платите на вработените, капиталните расходи и други трошоци за спроведување на пензиското и инвалидското осигурување.

-  Вкупните приходи на Фондот се планирани во износ од 149.380,05 милиони денари, во кој износ најголемо учество имаат изворните приходи кои се застапени со 58,23 проценти и средствата од Буџетот на Републиката со учество од 40,27 отсто. Учеството на изворните приходи во вкупните приходи е зголемено на 58,23 проценти при стапка на придонес од 18,8 отсто, додека во 2018 година истите изнесувале 55,17 проценти при стапка на придонес од 18 отсто – се појаснува во документот на Фондот.

За споредба при формирањето на пресметките за приходите и расходите во буџетот на ПИОМ за тековната 2025 година беше утврдено дека изворните приходи се застапени со 57,11 отсто, додека средствата од Буџетот на државата учествуваат со 41,22 проценти во покривање на вкупните трошоци на фондот. Ова покажува дека има благ пад на процентот на средствата кои се префрлаат од буџетот на државата во буџетот на ПИОМ за покривање на вкупните трошоци на фондот.

Сепак, бројките говорат дека сумата се зголемува. Па така, ако за 2025 година биле планирани од државниот буџет 53.572,79 милиони денари, за следната 2026 година се очекува да бидат префрлени 60.152,95 милиони денари. Тоа значи дека сумата ќе биде поголема за 6.580,16 милиони денари.

-  Во 2026 година се планира за исплата на пензиите да се потрошат средства во износ од 117.162,88 милиони денари, или 78,43 отсто од вкупните расходи, а заедно со придонесот за здравствено осигурување (бруто пензии) учеството изнесува 88,63 проценти. Овие расходи се однесуваат за сите видови пензии. Во 2026 година расходите за пензии се планираат да се зголемат и тоа по основ на усогласувањето на пензиите и согласно планираниот пораст на нови пензионери за 2026 година од 1 отсто – се потенцира во планот.

На крајот на 2026 година се предвидува бројот на корисниците на пензија да изнесува 351.676 корисници. Ова е зголемување од 3.481 корисници односно пораст од 1 отсто.

Од овој број се планира 2.818 корисници да остварат право на старосна пензија, додека кај другите корисници се предвидува намалување и тоа: корисници на инвалидска пензија да се намалат за 78, корисници на семејна пензија да се зголемат за 734.

Вкупната просечна пензија во декември 2026 година се планира да достигне износ од 27.522 денари, или за 3,85 отсто повеќе во споредба со декември 2025 година.

П.О.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНАТ ДОБРИ И КВАЛИТЕТНИ ЗИМСКИ ГУМИ? Внимавајте на овие грешки при нивно купување

КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНАТ ДОБРИ И КВАЛИТЕТНИ ЗИМСКИ ГУМИ? Внимавајте на овие грешки при нивно купување