16 Ноември, 2024
0.0453

„Буџетот за социјална заштита се намалува за 44,6 отсто“: Левица бара повеќе пари за заштита на загрозените, но и за екологија

Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Нагласеното зголемување на средствата за воените расходи и милитаризација за сметка на намалување на социјалната и еколошката компонента во буџетот е алармантен показател за приоритетите на оваа власт, велат од опозициската „Левица“. 

Истакнуваат дека буџетот за одбрана и купување оружје од САД, е зголемен за 13 отсто, додека, власта на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ на сопствените граѓани, односно лицата од социјални категории, по одредени параметри им скратува 40 проценти.

- Економската стратегија на актуелната Влада не само што е заснована на истиот модел од претходната на ДУИ и СДС, туку одлучи и да крати од ранливите категории. Особено е алармантно што буџетот за социјална заштита за деинституционализација и социјални услуги се намалува за 44,6 отсто, што значи 245,401 денари помалку. За споредба, буџетот во одбраната, достигнува рекордни 20,5 милијарди денари. Ова е класична илустрација на владините приоритети.

Дополнително, додека македонските граѓани дишат најзагаден воздух во Европа, изгорена е шума вкупно 4 проценти од територијата на земјата за само едно лето, во делот за заштита на животната средина, буџетот за квалитет на воздухот е намален за вртоглави 33,1 отсто, што не само што нема да ја подобри ситуацијата, туку и директно ќе нанесе сериозни последици врз здравјето на населението - укажуваат од партијата.

Воедно од „Левица“ посочуваат дека имаат голем број амандмански интервенции, се предлага алтернативи за поинаква, поефикасна и поодржлива распределба на средствата. 

- Наместо милијардите за воена опрема и вазалско следење на странските насоки за непотребно вооружување, бараме овие ресурси да се пренасочат во фондови за социјална заштита и влог во екологијата, кои имаат егзистенцијално значење за голем дел од населението - укажуваат од партијата. 

Можеби ќе ве интересира

НА ИНТЕРНЕТ „ЦАРУВААТ“ ЛАЖНИ РЕКЛАМИ - се користат фотографии од познати личности, граѓаните да бидат повнимателни

НА ИНТЕРНЕТ „ЦАРУВААТ“ ЛАЖНИ РЕКЛАМИ - се користат фотографии од познати личности, граѓаните да бидат повнимателни

ЗЕМЈОТРЕС ЈА СТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ - епицентарот во Дојран

ЗЕМЈОТРЕС ЈА СТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ - епицентарот во Дојран

„ТРИ ГОДИНИ СОВЕТНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ГИ БЛОКИРААТ БУЏЕТИТЕ И ПРОГРАМИТЕ НА ЈСП“: град Скопје со реакција за јавниот превоз

„ТРИ ГОДИНИ СОВЕТНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ГИ БЛОКИРААТ БУЏЕТИТЕ И ПРОГРАМИТЕ НА ЈСП“: град Скопје со реакција за јавниот превоз

„ВО НАШАТА ДРЖАВА СИТЕ КАКО ДА САКАМЕ ДА ГИ ТОЛКУВАМЕ ЗАКОНИТЕ“: Дамева за одлуката на ДКСК „директен упад во судската власт“

„ВО НАШАТА ДРЖАВА СИТЕ КАКО ДА САКАМЕ ДА ГИ ТОЛКУВАМЕ ЗАКОНИТЕ“: Дамева за одлуката на ДКСК „директен упад во судската власт“

„ПОЛИЦИЈАТА ГИ НАОЃА ТЕЛАТА ПО КАЖУВАЊЕ НА ОБВИНЕТИТЕ“: Адвокатот Јанаки за судењето кое ја бранува јавноста „како сега негираат вина?“

„ПОЛИЦИЈАТА ГИ НАОЃА ТЕЛАТА ПО КАЖУВАЊЕ НА ОБВИНЕТИТЕ“: Адвокатот Јанаки за судењето кое ја бранува јавноста „како сега негираат вина?“

„СНЕГ И ТЕМПЕРАТУРИ 10 СТЕПЕНИ ПОД НУЛАТА“: Попоски најавува нов ладен бран следната недела

„СНЕГ И ТЕМПЕРАТУРИ 10 СТЕПЕНИ ПОД НУЛАТА“: Попоски најавува нов ладен бран следната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кираца Трајковска по интуиција ги поврзала исчезнатите Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кираца Трајковска по интуиција ги поврзала исчезнатите Вања и Панче

НИКОЛОСКИ: Претходното раководство на Пошта имало планови да го трансформира централниот објект во кабаре

НИКОЛОСКИ: Претходното раководство на Пошта имало планови да го трансформира централниот објект во кабаре

ТОШКОВСКИ: Oтказ за 15 полициски службеници, дозволи за оружје добиле лица кои законски немале право

ТОШКОВСКИ: Oтказ за 15 полициски службеници, дозволи за оружје добиле лица кои законски немале право