„ТРИ ГОДИНИ СОВЕТНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ГИ БЛОКИРААТ БУЏЕТИТЕ И ПРОГРАМИТЕ НА ЈСП“: град Скопје со реакција за јавниот превоз
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2024
Жално е што причинителите на голготата на граѓаните на градот Скопје со јавниот превоз, зборуваат за тоа како на нив им било жал за граѓаните.
Три години советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да одобрат набавка на 250 нови автобуси. Три години советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да гласаат за спроведување на проектот БРТ со кој Скопје ќе добие 50 нови автобуси, бесплатно.
Ова денеска го соопштија од град Скопје, како реакција на изјавите на Александар Николоски и Орце Ѓорѓиевски.
- Три години, советниците на ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат буџетите и програмите за работа на ЈСП.
ВМРО-ДПМНЕ и владата предводена од Христијан Мицкоски одби да набави нови автобуси, иако предложивме средствата за набавка на нови автобуси да ги префрли градот Скопје на Владата, а тие да ги набават автобусите.
Три години, скопјани се жртви на секташкиот партиски менталитет на ВМРО-ДПМНЕ и нивните наводни душегрижници. Луѓе одвоени од реалноста, манипулатори и лажговци - се нагласува во соопштението испратено од град Скопје до медиумите.