БУГАРИ, СРБИ, ЦРНОГОРЦИ: Од каде ќе имаме туристи за празниците?
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2022
За Нова година и Божиќ се очекуваат помалку гости на охридско – струшкото крајбрежје за разлика од претходините години, но сепак ќе има туристи од Србија, Бугарија, Црна Гора и други држави.
Крсте Блажески од ХОТАМ вели дека енергетската криза доведе до тоа дел од хотелите да не работат, а што се однесува до цените, тие варираат. Колку е побогата понудата и цената е повисока.
„Во хотелите ќе дојдат посетители од околните земји, додека домашните туристи одат во приватно сместување“, вели Блажески.
Од Општина Крушево објаснуваат дека во зима нивниот град е атрактивен за гостите и очекувањата се дека за празниците, Крушево ќе биде полно. Во овој туристички центар најчесто доаѓаат домашните гости.
„Претходните две години имаше гости, но во помал број поради пандемијата на коронавирусот, луѓето не сакаа да се изложуваат на ризик, а сега очекуваме дека Крушево ќе биде преполно за празниците затоа што се паѓа и продолжен викенд“, додаваат од локалната самоуправа.
Oд Општина Берово додаваат дека вилите на Беровско Езеро веќе се резервирани, но до крајот на неделата или следната и во градот ќе бидат закупени сместувачките капацитети. Од локалната самоуправа велат дека само во вилите претходните години имало над 800 гости за празниците. Во хотелите најчесто доаѓаат бугарски и холандски туристи.
„Јас издавам сместувачки капацитети и за оваа Нова година ќе имаме посетители од Скопје, Куманово, Струмица, Гевгелија, но имаше јавувања и од Демир Капија, Ресен, што претходно не било и ми е мило што и луѓето од западна Македонија сакаат да го посетат нашето гратче. Но, во однос на претходната година се забележува дека луѓето малку се стегаат поради кризата, се размислуваат и подоцна почнаа да се јавуваат, да бараат сместување, но добро е што градот сепак ќе биде полн. Имало години кога во почетокот на ноември веќе било резервирано сместувањето за дочекот Нова година“, објаснува беровчанка.
Во Општина Вевчани нема официјални податоци за бројот на посетители, но велат дека поради убавините на овој крај, очекувањата се дека угостителските објекти ќе имаат доволен број на гости, домашни, но и странски, а поголема фреквенција на луѓе ќе има за карневалот.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.