Бугарија е „разочарана и збунета“ од изјавата на претседателот на Словачка во Скопје
Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2025 19:32
Бугарското Министерство за надворешни работи го повика словачкиот амбасадор Васил Гривна на состанок за да го изрази своето „разочарување и збунетост“ од ставот на словачкиот претседател Петер Пелегрини во поддршка на како што велат „контрапродуктивната реторика на владата во Република Северна Македонија“.
Генералниот директор за европски прашања Јордан Прванов ги осуди „ставовите изнесени од претседателот Пелегрини, кои во пракса ја оспоруваат валидноста на европскиот консензус од јули 2022 година, усвоен од сите земји-членки на Европската унија (ЕУ), вклучително и Словачка“.
Овој консензус беше утврден во преговарачката рамка на Северна Македонија. Според него, најважниот услов за почеток на вистински преговори за членство во Европската унија е вклучувањето на Бугарите во уставот.
„Длабоко сме разочарани што станува збор за земја-партнер која си дозволува да ја промовира контрапродуктивната реторика на владата на Република Северна Македонија, која постојано бара некого да обвини за недостатокот на напредок во процесот на нејзината европска интеграција. Таквата позиција не е во интерес ниту на стратешката визија на ЕУ за регионот, ниту на граѓаните на оваа земја-кандидат“, рече Прванов, цитиран од прес-центарот на Министерството за надворешни работи.
Неделава, Пелегрини рече дека „ЕУ прави голема грешка и презема ризици“ во процесот на пристапување на Западен Балкан. Според него, Словачка е голем поддржувач на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и оваа интеграција не треба да се злоупотребува.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




