Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година
Објавено во: Свет 12 Декември, 2024
Советот на ЕУ денеска одлучи проверките на копнените шенгенски граници на Бугарија и Романија да бидат укинати од 1 јануари следната година. Ова го соопшти унгарското претседателство со Советот на ЕУ.
Претходно оваа година, проверките на воздушните и поморските шенгенски граници на двете земји беа укинати со одлука донесена за време на шпанското претседателство со Советот на ЕУ на 30 декември лани.
It’s done. It’s decided. It’s deserved.
— Roberta Metsola (@EP_President) December 12, 2024
Romania & Bulgaria will fully join Schengen on 1 January 2025.
Congratulations to the people of both countries who have worked hard and long for this.
A stronger Schengen signifies a safer & more united Europe.#StrongerTogether pic.twitter.com/lcgMFCWK69
- Ова е голема победа за Бугарија, Романија и цела Европа - објави унгарското претседателство.
Новината веќе се споделува и на официјалната страна на Европската комисија.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.