ЗЕЛЕНСКИ ЈА ПОФАЛИ ВИЗИЈАТА НА ТРАМП: Ќе има ли мир за брзо време во Украина?
Објавено во: Свет 11 Декември, 2024
Шефот на украинската држава, Володимир Зеленски ја пофали визијата на американскиот претседател Доналд Трамп за мир во Украина.
Во интервју за американската телевизиска мрежа CBN, Зеленски изрази оптимизам во врска со потенцијалната улога на Трамп во постигнувањето мир меѓу Украина и Русија. Според неговите зборови, Трамп ја разбира важноста на силна Америка и нејзината поддршка за Украина, со цел брзо и праведно да се стави крај на овој конфликт.
Зеленски изјави дека Украина нема законски да ја признае руската окупација на нејзините територии, но е отворена за дипломатски напори доколку воените сили не се доволни за ослободување на земјата. Тој ја истакна важноста од постигнување одржлив мир кој ќе вклучи ослободување на десетици илјади заробени луѓе.ЗЕЛ
Украинскиот претседател го критикуваше слабиот одговор на САД на ситуацијата во Грузија, што, како што вели, резултираше со зајакнување на проруското влијание во земјата. Тој предупреди дека Америка не смее да ја повтори истата грешка кога станува збор за Украина и додаде дека членството во НАТО е клучно за безбедноста на целата земја.
„Меморандумот од Будимпешта, кој требаше да ја гарантира безбедноста на Украина по откажувањето од нуклеарното оружје, не ја исполни својата цел“, изјави Зеленски.
Вели дека Украина сега бара реални и ефективни заштитни мерки.
Иако, многумина се скептични за реалните перформанси на администрацијата на Трамп, Зеленски верува дека неговата политика може да донесе брзи резултати, без разлика дали преку воена сила или дипломатски решенија. Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година.
EPA-EFE/Presidential Press Service of Ukraine
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.