НЕДОСТИГА ХРАНА: Лебот во Алепо и Идлиб поскапе за 900 отсто
Објавено во: Свет 11 Декември, 2024
Лебот во Алепо поскапе за 900 отсто откако почна офанзивата на бунтовниците.
Во многу големи градови, како што е главниот град Дамаск, има недостиг од храна. Од почетокот на офанзивата на бунтовниците цената на лебот во градовите како Идлиб и Алепо се зголемила за 900 отсто.
Обединетите нации(ОН) проценуваат дека од почетокот на офанзивата на бунтовниците предводени од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) околу еден милион луѓе се раселени во Сирија. OCHA предупреди на мински полиња, кои ги ограничуваат движењето на луѓето и испораката на стоки. Во изминатите 10 дена во државата се идентификувани најмалку 52 мински полиња.