МУЦУНСКИ ГО ВРАЌА СИНАНИ ОД ЊУЈОРК: Oсмани и Груби незаконски го испратиле
Објавено во: Македонија 10 Декември, 2024
По предлог на шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски владата денес донела одлука за враќање на Мухаби Синани од позицијата Генерален конзул на државата во Њујорк.
Тој на оваа позиција е испратен само неколку месеци пред парламентарните избори годинава. Замина со потпис на поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој тогаш претседавал со владината седница.
За потсетување, Диппломатскиот синдикат најостро реагираше бидејќи Синани не ги исполнува условите да биде упатен како Генерален конзул од редот на професионални дипложати, во согласност со член 35а од Законот за надворешни работи. Но, тогашниот министер за надворешни работи, Бујар Османи тврдеше дека таква одредба не постои во Законот бидејќи како што рече е избришана.
фото Фејсбук/МНР