Бугарија не е во состојба да ја одобри преговарачката рамката во сегашната форма, вели Захариева
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 28 Октомври, 2020
Не ни е целта да ја блокираме, напротив 30 години сме и помагале на Македонија, вели шефицата на дипломатијата на Бугарија, Екатерина Захариева.
Таа за БГНЕС вели дека Договорот за пријателство меѓу Бугарија и Македонија ги има сите гаранции да се применува во добра волја и од двете страни.
„За жал, нашата оценка е дека тоа не е така. И покрај многу шпекулации во медиумите, особено во Република Македонија – ниту сме барале промена на Уставот, ниту имаме нови барања, ниту пак сме го оспорувале правото на самоопределување на секој граѓанин, вклучително и на граѓаните на Република Македонија, ниту правото да го нарекуваат јазикот како што сакаат“, вели Захариева.
Захариева вели дека онлајн тимовите на министерствата за надворешни работи помеѓу двете земји се во постојана комуникација за решавање на преостанатите прашања.
Потсети дека на седницата на 10 ноември на Советот за заеднички работи треба да се одобри Преговарачката рамка, но тоа, според неа, не е конечен датум.
За рамката, Захариева оцени дека Бугарија не е во состојба да ја одобри рамката во нејзината сегашна форма, во која е претставена.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.