19 Ноември, 2024
0.0308

БУГАРИЈА РАБОТИ НА АЛТЕРНАТИВА НА КОРИДОР 10 И ПОСТАВУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО НЕЗАВИДНА ПОЛОЖБА: Николоски за пругата

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

 Пруга кон Бугарија е во интерес за Македонија, но со изградба ќе продолжиме откако ќе се ревидираат сите недостатоци со посредство на Европската Унија, истакна вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски синоќа во емисијата Топ Тема на ТВ Телма. 

Николоски посочи дека проектот има три главни недостатоци меѓу кои цената, изводливоста и тунелското решение.

 - Во однос на цената договорена e ревизија помеѓу македонската страна, бугарската страна и Европската Унија. Да видиме како се дошло до овие суми и кој тие суми така ги предвидувал. Многу е добро што во ревизијата ќе учествува и Европската Унија и тие ќе видат многу работи и ќе ги извадиме сите работи во јавноста. Друга работа, кај се видело тунел да се гради до половина? Да,ќе градиме пруга кон Бугарија, но не по овој проект. Македонија е единствена во моментов која има активности на коридорот 8 во железничкиот сообраќај, рече Николоски.

Појасни дека компанијата која го има проектирано третиот дел од пругата кон Бугарија е истата компанија која не ја заврши штипската болница и со која што сега Македонија е на арбитража.

- Затоа е многу добро што од Европската Унија се согласија да се прави ревизија на цената и на проектот, кажа Николоски.

Во однос на прашањето зошто во бугарска страна нема активности на проектот за изградба на пругата, министерот потенцира дека Бугарија работи на алтернатива на коридорот 10 и поставување на Македонија во незавидна положба.

- Бугарија има приоритет да работи на алтернатива на коридорот 10 и тоа е најголемата битка која што се случува позади сцената во моментов бидејќи коридор 10 во Јужна Европа е најисплатлив коридор. Бугарија прави огромни притисоци да изработи алтернатива на коридор 10, односно од Ниш, наместо пругата да се спушта надолу кон Скопје и кон Солун, истата да оди источно кон Босилеград, а потоа по реката Струма да се спушта низ Бугарија и после тоа да се поврзува со Солун. Тоа е битката што позади завесата се случува во моментов. Доколку оваа битка се реализира, Македонија ќе стане слепо црево на Балканот. И затоа се нервозни, затоа што ние им ја разбиваме таа стратегија, со тоа што ставаме фокус на коридор кој што е економски најисплатлив и кој што најприроден, во исто време го градиме и коридор 8, истакна министерот Николоски.


Можеби ќе ве интересира

АГЕЛЕР: Моите најтопли честитки до Радмила Шекеринска и до Мицкоски

АГЕЛЕР: Моите најтопли честитки до Радмила Шекеринска и до Мицкоски

ЗАЕВ Ѝ ЧЕСТИТАШЕ НА ШЕКЕРИНСКА ЗА ВИСОКАТА ФУНКЦИЈА: „Македонската дипломатија денеска добива круна“

ЗАЕВ Ѝ ЧЕСТИТАШЕ НА ШЕКЕРИНСКА ЗА ВИСОКАТА ФУНКЦИЈА: „Македонската дипломатија денеска добива круна“

Деведесетгодишен старец изгоре во пожар во Желино додека пожарникарите се обидувале да го спасат

Деведесетгодишен старец изгоре во пожар во Желино додека пожарникарите се обидувале да го спасат

„ЕХО АПАРАТОТ Е ГОЛЕМ КОЛКУ ВРАТА“: поранешниот директор на болницата во Кичево по кривичната пријава од МВР - „ниту сум го зел, ниту ми е потребен“

„ЕХО АПАРАТОТ Е ГОЛЕМ КОЛКУ ВРАТА“: поранешниот директор на болницата во Кичево по кривичната пријава од МВР - „ниту сум го зел, ниту ми е потребен“

ЗАКОНИТЕ ЗА ГРАДБА И УРБАНИЗАМ НИ СЕ „ДЕМОДЕ“: Николоски вели треба да претрпат промени, не се во чекор со времето

ЗАКОНИТЕ ЗА ГРАДБА И УРБАНИЗАМ НИ СЕ „ДЕМОДЕ“: Николоски вели треба да претрпат промени, не се во чекор со времето

Шекеринска стана втор човек на НАТО

Шекеринска стана втор човек на НАТО

„ДОДЕКА НЕ СЕ ЕЛИМИНИРА АРСОВСКА, НА МИЦКОСКИ НЕМА ДА МУ СЕ СМИРИ ЕГОТО“: Град Скопје со реакција за автобусите

„ДОДЕКА НЕ СЕ ЕЛИМИНИРА АРСОВСКА, НА МИЦКОСКИ НЕМА ДА МУ СЕ СМИРИ ЕГОТО“: Град Скопје со реакција за автобусите

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ИСТОРИСКИ РАСТ НА ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО - ќе се зголемат од 40 до 50 проценти во следните 4 години

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ИСТОРИСКИ РАСТ НА ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО - ќе се зголемат од 40 до 50 проценти во следните 4 години

Уапсен Албанец на Табановце со над 3.000 стари монети

Уапсен Албанец на Табановце со над 3.000 стари монети