19 Ноември, 2024
0.0301

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ИСТОРИСКИ РАСТ НА ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО - ќе се зголемат од 40 до 50 проценти во следните 4 години

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Вработените во здравствените инситуции во земајва во следните години ќе добиваат поголеми плати. Како што најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, на заедничка пресконференција со претставниците на синдикалните организации од здравствениот сектор, во следните години ќе добиваат во просек од 5 до 10 проценти зголемување на платите. 

- Постигнавме еден договор кој што има историска димензија, покрај овие коефициенти кои што зборувавме сега што би значело зголемување за 10 проценти на паричната маса која што се издвојува за плати. Веќе следната година во март месец ќе имаме дополнителни 5 проценти зголемување на паричната маса која се издвојува за плати за здравствените работници, следната 2026 од 5 до 7 проценти, во зависност од тоа во каква состојба и кондиција ќе биде Буџетот, да се надеваме дека ќе биде навистина во здрава кондиција, а работиме на тоа - нагласи премиерот. 

Воедно дополни дека се планира раст од 5 до 7 процени на паричната маса и во 2027 година, а од 7 до 10 проценти во 2028 година. 

- Или кога ќе го земете целиот овој период во низа добиваме зголемување на паричната маса потреба за да се исплатат платите на здравствените работници за целиот период помеѓу 40 и 50 проценти. Навистина нешто кое што претставува историско и јас очекувам дека во текот на следните денови, повторно и од Министерството за здравство и од Фондот ќе излезат со нови позитивни пораки за здравствените работници и со тоа го заокружуваме тој циклус.

Следно кое што следи е реформи во самиот здравствен систем за граѓаните го добијат она кое што го заслужуваат - нагласи премиерот и голема благодарност до синдикалните организации и синдикатите кои што навистина конструктивно со свои идеи учествуваа во овој цел процес, заедно со како што веќе кажаа од страна на претставниците од синдикатите, Министерството за финансии, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, тука беше и Лазар Јовевски кој што е дел од мојот кабинет како мој советник за трудово право и заедно со останатите кои што беа вклучени.

Можеби ќе ве интересира

СО МЕХАНИЗАЦИЈА ЌЕ ДОЈДАТ ПРЕД ГРАД СКОПЈЕ: Вработените во „Улици и патишта“ најавуваат штрајк

СО МЕХАНИЗАЦИЈА ЌЕ ДОЈДАТ ПРЕД ГРАД СКОПЈЕ: Вработените во „Улици и патишта“ најавуваат штрајк

АГЕЛЕР: Моите најтопли честитки до Радмила Шекеринска и до Мицкоски

АГЕЛЕР: Моите најтопли честитки до Радмила Шекеринска и до Мицкоски

ЗАЕВ Ѝ ЧЕСТИТАШЕ НА ШЕКЕРИНСКА ЗА ВИСОКАТА ФУНКЦИЈА: „Македонската дипломатија денеска добива круна“

ЗАЕВ Ѝ ЧЕСТИТАШЕ НА ШЕКЕРИНСКА ЗА ВИСОКАТА ФУНКЦИЈА: „Македонската дипломатија денеска добива круна“

Деведесетгодишен старец изгоре во пожар во Желино додека пожарникарите се обидувале да го спасат

Деведесетгодишен старец изгоре во пожар во Желино додека пожарникарите се обидувале да го спасат

„ЕХО АПАРАТОТ Е ГОЛЕМ КОЛКУ ВРАТА“: поранешниот директор на болницата во Кичево по кривичната пријава од МВР - „ниту сум го зел, ниту ми е потребен“

„ЕХО АПАРАТОТ Е ГОЛЕМ КОЛКУ ВРАТА“: поранешниот директор на болницата во Кичево по кривичната пријава од МВР - „ниту сум го зел, ниту ми е потребен“

ЗАКОНИТЕ ЗА ГРАДБА И УРБАНИЗАМ НИ СЕ „ДЕМОДЕ“: Николоски вели треба да претрпат промени, не се во чекор со времето

ЗАКОНИТЕ ЗА ГРАДБА И УРБАНИЗАМ НИ СЕ „ДЕМОДЕ“: Николоски вели треба да претрпат промени, не се во чекор со времето

Шекеринска стана втор човек на НАТО

Шекеринска стана втор човек на НАТО

„ДОДЕКА НЕ СЕ ЕЛИМИНИРА АРСОВСКА, НА МИЦКОСКИ НЕМА ДА МУ СЕ СМИРИ ЕГОТО“: Град Скопје со реакција за автобусите

„ДОДЕКА НЕ СЕ ЕЛИМИНИРА АРСОВСКА, НА МИЦКОСКИ НЕМА ДА МУ СЕ СМИРИ ЕГОТО“: Град Скопје со реакција за автобусите

Уапсен Албанец на Табановце со над 3.000 стари монети

Уапсен Албанец на Табановце со над 3.000 стари монети