Деведесетгодишен старец изгоре во пожар во Желино додека пожарникарите се обидувале да го спасат
Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2024
90 годишен жител на Стримница, село од опжтина Желино, изгорел во сопствената куќа, додека противпожарните екипи се обидувале да му го спасат животот.
„Регионалниот Центар за управување со кризи - Тетово, ја пренесува информацијата од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово дека во период од 23.34 до 02.45 часот после полноќ со 11 пожарникари и 4 противпожарни возила гаснеле запалена куќа во село Стримница (Општина Желино).
Уште во текот на интервенцијата од ПС Групчин, конкретно во 00:19 часот дежурните известиле дека во пожарот машкото лице на 90 годишна возраст го загубило животот во големиот пожар.
Од страна на тетовските пожарникарите починатото лице е извадено од куќата и за настанот беа известени јавен обвинител и лекар по судска медицина за понатамошна постапка, а увид на местото на пожарот извршила екипа од СВР Тетово“,објеви ЦУК.