Добивај вести на Viber
Радмила Шеќеринска, денеска во Брисел беше избрана за Заменик генерален секретар на НАТО и со тоа практично стана втор човек по редослед на функциите.Неофицијално, Шекеринска во изборот ја победи поранешната еврокомесарка и бугарска вицепремиерка Марија Габриел како друг сериозен кандидат за оваа позиција.
Поранешната министерка за одбрана му биде заменичка на Марк Руте, кој од пред неколку месеци е на чело на овој воен сојуз. Ова го потврди генералниот секретар Руте на официјалниот сајт на Алијансата:
„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“. објави првиот човек на НАТО.
Таа ќе ја преземе својата функција до крајот на годината и ќедојде на местото на Мирчеа Џоана, кој ја извршуваше функцијата од 2019 година