19 Ноември, 2024
0.0285

ЗАКОНИТЕ ЗА ГРАДБА И УРБАНИЗАМ НИ СЕ „ДЕМОДЕ“: Николоски вели треба да претрпат промени, не се во чекор со времето

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Законите за градба и за урбанистичко планирање треба да претрпат темелни реформи, бидејќи не го пратат чекорот со времето, оцени денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

-Овие закони треба да се сменат. Во рамки на Министерството работиме на тоа и кога ќе имаме драфт верзии ќе го поканиме граѓанскиот сектор да се вклучи. Сметам дека јавноста треба да ги следи измените онака како што се напишани, а не онака како што некој ќе ги толкува, затоа што времето покажува дека или се прави тоа од незнаење или од други агенди кои не се поврзани со добробит на граѓаните, рече Николоски во одговор на новинарско прашање на денешниот настан со кој ССК одбележува 20 години од постоењето.

Посочи дека одредени структури во јавноста реагираат за се што е поврзано со законите за градење и за урбанистичко планирање без претходно да прочитаат за што станува збор.

Како пример ги истакна измените на Законот за урбанистичко планирање кои на негов предлог беа усвоени во август годинава со кои се овозможи со олеснета процедура да се градат училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи.

-Кога се носеа измените се креваше хистерија дека којзнае што ќе се случело и каков урбанистички  хаос ќе настанел во државата. Три месеци подоцна нема никаков урбанистички хаос и единствено се случи училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи да се градат во олеснета процедура. Откако се направија овие законски измени нема општина која не планира или веќе не почнува изградба на нова градинка или ново училиште, а сето она  за што се креваше хистерија не се случи, потенцира Николоски.


Можеби ќе ве интересира

СО МЕХАНИЗАЦИЈА ЌЕ ДОЈДАТ ПРЕД ГРАД СКОПЈЕ: Вработените во „Улици и патишта“ најавуваат штрајк

СО МЕХАНИЗАЦИЈА ЌЕ ДОЈДАТ ПРЕД ГРАД СКОПЈЕ: Вработените во „Улици и патишта“ најавуваат штрајк

АГЕЛЕР: Моите најтопли честитки до Радмила Шекеринска и до Мицкоски

АГЕЛЕР: Моите најтопли честитки до Радмила Шекеринска и до Мицкоски

ЗАЕВ Ѝ ЧЕСТИТАШЕ НА ШЕКЕРИНСКА ЗА ВИСОКАТА ФУНКЦИЈА: „Македонската дипломатија денеска добива круна“

ЗАЕВ Ѝ ЧЕСТИТАШЕ НА ШЕКЕРИНСКА ЗА ВИСОКАТА ФУНКЦИЈА: „Македонската дипломатија денеска добива круна“

Деведесетгодишен старец изгоре во пожар во Желино додека пожарникарите се обидувале да го спасат

Деведесетгодишен старец изгоре во пожар во Желино додека пожарникарите се обидувале да го спасат

„ЕХО АПАРАТОТ Е ГОЛЕМ КОЛКУ ВРАТА“: поранешниот директор на болницата во Кичево по кривичната пријава од МВР - „ниту сум го зел, ниту ми е потребен“

„ЕХО АПАРАТОТ Е ГОЛЕМ КОЛКУ ВРАТА“: поранешниот директор на болницата во Кичево по кривичната пријава од МВР - „ниту сум го зел, ниту ми е потребен“

Шекеринска стана втор човек на НАТО

Шекеринска стана втор човек на НАТО

„ДОДЕКА НЕ СЕ ЕЛИМИНИРА АРСОВСКА, НА МИЦКОСКИ НЕМА ДА МУ СЕ СМИРИ ЕГОТО“: Град Скопје со реакција за автобусите

„ДОДЕКА НЕ СЕ ЕЛИМИНИРА АРСОВСКА, НА МИЦКОСКИ НЕМА ДА МУ СЕ СМИРИ ЕГОТО“: Град Скопје со реакција за автобусите

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ИСТОРИСКИ РАСТ НА ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО - ќе се зголемат од 40 до 50 проценти во следните 4 години

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ИСТОРИСКИ РАСТ НА ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО - ќе се зголемат од 40 до 50 проценти во следните 4 години

Уапсен Албанец на Табановце со над 3.000 стари монети

Уапсен Албанец на Табановце со над 3.000 стари монети