Добивај вести на Viber
Долгоочекуваното надополнување на бугарскиот буџет во кабинетот „Орешарски“ нејверојатно ќе се сведе на додавање на нови 200 милиони лева во централниот буџет, кои ќе можат да се трошат зависно од проценките на владата, информира „Труд“ од извори запознаени со актуелизацијата.
Во Министерството за финансии се уште работат на измените на Законот за буџет и се уште не го постигнале конечното решение, иако се стремат кон ова сценарио. Надополнувањето треба да изнесува 500 милиони лева, што значи дека со толку ќе биде зголемен дефицитот.
На тој начин буџетот ќе достигне до вкупно околу 1.6 билиони лева, или 2 % од БДП.
Од општата сума, околу 300 милиони лева ќе бидат заложени како неисполнување на приходите, а околу 200 милиони лева ќе бидат одделени за дополнителни расходи.