Бугарскиот европратеник Ковачев објави записи од таткото на Никола Димитров: „Ние, македонската нација, немаме причина да се срамиме од номиналната ознака Бугари“
Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2020 17:14
Додека
вицепремиерот Никола Димитров, од денешната он-лајн конференција на Здружението
на преведувачи и толкувачи порача дека македонскиот јазик ќе ужива статус на
еднаков и официјален јазик на Унијата во моментот кога нашата држава ќе стане
полноправна членка, бугарските политичари вадат документи, токму од неговиот
татко, Димитар Димитров, од кого има запис уште во 1999 година во кој вели дека
македонската нација не треба да се срами од долговековната етнобиографија.
-Да, најголемото зло за Македонците е што – беа Бугари, а што Европа, преку Грција и Србија, не им дозволи да продолжат да бидат. Да пркосат? Да се предадат? Од Груев до Мисирков, од Христо Узунов до Стојан Мишев, од Шарло и Ченто, до Колишевски и Глигоров, крвари драма, се черечи еден народ. Како да побегнеш од злото кои го претставува твоето сопствено битие, ти самиот? Ние, македонската нација, сума и актуелен чин на таа драма, немаме причина да се срамиме од себе, од дванаесетвековната етнобиографија под „номиналната ознака“ Бугари.
Записот на поранешниот македонски министер за култура, Димитар Димитров, го објави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, откако вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров беше гласен во однос на тоа дека Софија не ја прифаќа вистината за македонскиот народ.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




