17 Декември, 2025
0.0642

Бугарскиот пасош сонува шенген

Објавено во: Балкан 28 Ноември, 2014 08:14

Добивај вести на Viber

Советот на ЕУ се уште не може да донесе одлука за членство на Бугарија и Романија во Шенген зоната, иако Европската комисија целосно ги поддржува напорите на двете земји да ја отстранат контролата на внатрешните граници и да се приклучат на зоната. Тоа е запишано во Шестиот извештај за функционирањето на Шенген зоната, изготвен од ЕК за потребите на Европскиот парламент и Советот на ЕУ. Документот е достапен на страницата на ЕК. Податоците на Комисијата се однесуваат за периодот 1 мај - 31 октомври 2014 година. Во извештајот се истакнува дека Бугарија и уште четири држави од ЕУ - Хрватска, Кипар, Полска и Романија поднесоа известувања за недостаток на визниот реципроцитет со пет држави надвор од заедницата - САД, Австралија, Канада, Јапонија и Брунеи. Еврокомисијата предложи редовни трилатерални состаноци меѓу споменатите држави, за да бидат укинати визните режими при првата можност. Набљудувањето за функционирање на Шенген зоната покажува дека притисокот врз бугарските граници во анализираниот период остана стабилен. Комисијата го продолжува своето набљудување над Бугарија и Италија во однос на подобрувањето на системите за азил, станува јасно од извештајот. Мониторингот ќе продолжи заедно со погодените членки на ЕУ во врска со можноста да биде искористен механизмот за рано предупредување, подготвеност и управување со кризи. Грција од своја страна одобри издолжување на Националниот план за акција во однос на азил и миграционите процеси, забележува уште ЕК во својот извештај. "Треба да се напомене дека овие земји вложуваат значителни напори да се стабилизира и подобри ситуацијата, но сеуште е потребен дополнителен напредок", сметаат европските чиновници. Извештајот наведува дека осум земји, меѓу кои и Бугарија, не даваат дополнителни информации, преку кои ќе се процени движењето на бегалците внатре во ЕУ. Покрај Бугарија, овој пропуст го прават уште и Кипар, Данска, Финска, Грција, Исланд, Малта и Португалија. ЕК продолжува да истражува и случаи во кои бегалци биле вратени од надворешните граници на заедницата. Сомневање за слични активности има во однос на Бугарија и Грција. Започната е истрага и за масовно бркање на бегалци од двата шпански града, лоцирани на Африканскиот континент - Сеута и Мелилја. K.K.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата