Бугарскиот премиер Борисов со совет до Груевски да си даде оставка
Објавено во: Балкан 11 Мај, 2015 11:05
Совет кон премиерот на Македонија Никола Груевски да поднесе оставка, за да престанат протестите и немирите во земјата, упати бугарскиот премиер Бојко Борисов.
„Јас само давам пример што се прави од еден премиер, ако има недоверба поради една или друга причина. Потоа народот си ја враќа довербата“, изјавил Борисов и потсетил дека во првиот мандат поднесе оставка на владата поради протестите против високите цени на струјата, пренесува бугариот интернет портал 24часа.бг.
„Се надевам ќе успеат да си ја средат државата“, изјавил уште Борисов.
„Македонија е многу важна земја за нас и службите секој час ме известуваат каква е ситуацијата. Засега е мирно“, додал Борисов. Тој објаснува дека Бугарија е навикната да биде опкружена со жариштата и ги наброи Украина, Крим, Србија, Косово.
„Бог да ги прости жртвите. Уште еднаш разбирате колку е важно да има политичка стабилност. Од несогласувањата и проблемите во Македонија се дојде до овие жртви“, изјавил уште Борисов.
Претседателот Росен Плевнелиев, кој е во посета на Монголија, изрази загриженост за ситуацијата во Македонија и даде сочувство кон семејствата на загинатите при престрелката во Куманово. „Изрази емпатија кон македонските институции, кои мора на демократски начин и врз основа на законски дејствија, да го слушнат граѓанското општество и да се однесуваат сериозно кон нивните праведни барања, да се обезбедат мир, стабилност и смирување на ситуацијата“, се вели во изјавата на претседателот.
„Ги осудувам сите активности кои се во спротивност со законот, без разлика кој ги врши. Апелираме до сите земји кои и да се тие, да ги решаваат проблемите само со механизмите на дијалогот, на граѓанските иницијативи и согласно демократските принципи“, додава Плевнелиев и ги повика сите учесници во политичкиот процес во Македонија да се однесуваат многу сериозно кон ситуацијата.
При ескалација на тензиите таму треба да се свика Консултативниот совет за национална безбедност на претседателот или Советот за безбедност на премиерот, изјави вчера вицепремиерот Меглена Кунева. Свикување на КСНС сепак не може да се случи во отсуство на претседателот, кој се враќа од Монголија.
Сите спекулирања пред конституирањето на сличен формат би било незрело, одговори Кунева на прашањето што ли носат настаните во Македонија, и дали има ризик за безбедноста на Бугарија. Како соседна земја и како член на ЕУ треба да бидеме дел од решавањето на проблемите во Македонија, категорична била таа.
Одложена е предвидената посета на македонскиот вицепремиер Фатмир Бесими, кој требаше да се сретне со министерот за надворешни работи Даниел Митов, со неа и со вицепремиерот Томислав Дончев, соопшти Кунева.
МНР ги повика сите политички фактори кон одговорно однесување во името на стабилноста на Република Македонија и регионот.
„Ние сме партија која категорично ја осудува секоја манифестација на етнорелигиозен екстремизам, без разлика дали е испровоциран од мнозинството или од малцинствата, како најголем непријател на современата демократија“, коментира и лидерот на ДПС Лотви Местан. Тој потсети за иницијативата на европските либерали за забрзана и интеграција на Западен Балкан во ЕУ. „Проблемот во Куманово не е проблем само на Македонија, а најголемата лекција од случувањата е и за нас, бугарските политичари. Мора да се зачува бугарскиот етнички модел, граѓанскиот мир и тоа е причината на ДПС“, изјавил тој.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




