30 Ноември, 2023
0.0287

БУЛЕВАРОТ ВО АЕРОДРОМ Е „КОШМАР У УЛИЦИ БРЕСТОВА“, ГРАЃАНИТЕ НАЈАВУВААТ ПРОТЕСТИ: „Треба ли дете да загине одејќи во школо“

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Последната сообраќајна несреќа на булеварот „Васко Карангелески“ во Аеродром, која се случи вчера, а е втора за само неколку дена, ги „разбесни“ жителите на оваа скопска општина, кои со недели наназад апелираат да се изнајдат безбедносни решенија пред се за децата кои мора да го поминат булеварот, за да влезат во училиштето „Љубен Лапе“. Сега веќе најавуваат и протести.

-Вакво решение за булевар, на кој се вози и со повеќе од 80 километри за час, а при тоа пешаците нема каде да застанат, а згора на тоа тука е и училиштето „Љубен Лапе“ во кое што влегуваат стотици деца поминувајќи го секојдневно најмалку по два пати овој булевар, навистина нема никаде во светот. Станува збор за целосно „утнат“ проект без никакви сообраќајни решенија за безбедност. Постојат некои мали островчиња, но таму не може да застанат пешаците, тие се премали и се практично за возилата, односно за возачите за да знаат во која коловозна лента да се пренасочат. Кога излегуваме од училиштето, од десната страна може да се види дали има кола во движење, но од левата страна нема никаква видливост, постои една косина која што не овозможува да гледаме убаво. А, во секој момент може да налета возило со огромна брзина и да не покоси сите и децата и возрасните. Упорно апелираме, упорно го истакнуваме проблемот, но сега веќе се подготвуваме и за протести. Треба ли дете за загине одејќи во школо за да се освести некој од надлежните со каков проблем се соочуваме, велат во разговор за Фактор жители на Аеродром кои секојдневно го минуваат булеварот „Васко Карангелески“, недовршениот проект на Град Скопје.

Реакција има и од Советот на родители на ООУ „Љубен Лапе“, кои испртатија и барање до сите надлежни институции итно да преземат безбедносни мерки:

Подари големиот број на сообраќајни незгоди на улицата Вако Карангелески во близина на ООУ „Љубен Лапе“, а во отсуство на официјално пуштање на проширениот дел на улицата, во насока на зачувување на безбедноста на учениците, апелираме и бараме од службите од Град Скопје, како и од сите релевантини институции, задолжени за оваа тематика, итно да донесат решение за овој проблем и да превземат мерки за зачувување на безбедноиста на децата, а и на сите учесници вклучени во сообраќајот на оваа улица.

Уште колку сообраќајни незгоди треба да се случат за да надлежните во Град Скопје и останатиоте одговорни институции се вклучат и превземат мерки за безбедно користење на оваа улица?

Безуспешни беа обидите на Фактор да добие одговори од Град Скопје во однос на тоа какви и дали воопшто ќе превземе мерки за заштита на децата, односно учениците, но и на сите граѓани кои секојдневно ја користат улицата.

Од општина Аеродром велат дека, со оглед на фактот што булеварот го гради Град Скопје, тие единствено што може да направат е да апелираат, градот што побрзо да го заврши со сите сообраќајни решенија за безбедност.

-Град Скопје да ги преземе неопходните мерки за подигнување на безбедноста на улицата „Васко Карангелевски“

По реакциите од страна на граѓаните на Аеродром, пензионерските здруженија, вработените и родителите на децата кои учат во ООУ „Љубен Лапе“, Општина Аеродром во изминатиот период во неколку наврати оствари комуникација со градската администрација во насока на решавање на проблемот со безбедноста на улицата „Васко Карангелевски“.

Безбедноста на граѓаните е најважна и токму поради уште еднаш апелираме и бараме Министерството за внатрешни работи, Градот Скопје и градската администрација да преземат соодветни мерки за ревидирање на сообраќајното решение за улицата „Васко Карангелевски“, во насока на поставување на соодветна сигнализација со која се гарантира безбедноста на пешаците и останатите учесници во сообраќајот.

Во оваа прилика уште еднаш ја информираме јавноста дека реализацијата на проектот за улицата „Васко Карангелевски“ е целосна надлежност на градот Скопје и Општина Аеродром нема никаква надлежност во однос на сообраќајниот проект и сообраќајната сигнализација. Во таа насока Општина Аеродром, во текот на денешниот ден, уште еднаш со писмено барање ќе побара надлежните институции да ги преземат потребните активности за решавање на овој проблем, посочува општината Аеродром.

Анита Буховски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ ПЕСКОВ ЗА БУГАРСКИОТ ПОТЕГ: „Тоа е апсурден и глупав став“

СЕ ОГЛАСИ ПЕСКОВ ЗА БУГАРСКИОТ ПОТЕГ: „Тоа е апсурден и глупав став“

„ОПАСНА ГЛУПОСТ НА НЕКОЈ ШЕГАЏИЈА ВО СТРУКТУРИТЕ НА МОЌ “ - Захарова вака ја коментира забраната рускиот авион да прелета преку бугарскиот воздушен простор

„ОПАСНА ГЛУПОСТ НА НЕКОЈ ШЕГАЏИЈА ВО СТРУКТУРИТЕ НА МОЌ “ - Захарова вака ја коментира забраната рускиот авион да прелета преку бугарскиот воздушен простор

МАКЕДОНИЈА СТАНАЛА ЧЛЕНКА НА НАТО БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЗРЕЛИ ПОЛИТИКИ И МУДРИ ЛИДЕРСКИ ОДЛУКИ: Еве што се зборуваше на средбата меѓу Ковачевски и О’Брајан

МАКЕДОНИЈА СТАНАЛА ЧЛЕНКА НА НАТО БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЗРЕЛИ ПОЛИТИКИ И МУДРИ ЛИДЕРСКИ ОДЛУКИ: Еве што се зборуваше на средбата меѓу Ковачевски и О’Брајан

ЦРВЕН ТЕПИХ ПРЕД „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“: Еве како Османи ги пречекува гостите

ЦРВЕН ТЕПИХ ПРЕД „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“: Еве како Османи ги пречекува гостите

ФАТАЛЕН ПОЖАР СО ЖРТВА, ЗАПАЛЕНИ ВОЗИЛА, ОПАСНИ ШТЕТИ ОД СИЛЕН ВЕТЕР, ПОПЛАВЕНИ ПРОСТОРИИ...Еве што регистрирал телефеонот на ЦУК

ФАТАЛЕН ПОЖАР СО ЖРТВА, ЗАПАЛЕНИ ВОЗИЛА, ОПАСНИ ШТЕТИ ОД СИЛЕН ВЕТЕР, ПОПЛАВЕНИ ПРОСТОРИИ...Еве што регистрирал телефеонот на ЦУК

БУГАРИЈА НЕМАЛА БИЛАТЕРАЛЕН ПРОБЛЕМ СО МАКЕДОНИЈА: Требале да се исполнат европските вредности

БУГАРИЈА НЕМАЛА БИЛАТЕРАЛЕН ПРОБЛЕМ СО МАКЕДОНИЈА: Требале да се исполнат европските вредности

БУГАРИЈА СЕПАК НЕ ГО ПУШТИ АВИОНОТ НА ЛАВРОВ: Причината е Захарова

БУГАРИЈА СЕПАК НЕ ГО ПУШТИ АВИОНОТ НА ЛАВРОВ: Причината е Захарова

ДЕЦАТА ТРЕБА ДА СЕ УЧАТ НА САМОСТОЈНОСТ: Каде грешат родителите?

ДЕЦАТА ТРЕБА ДА СЕ УЧАТ НА САМОСТОЈНОСТ: Каде грешат родителите?

ПОТРАГАТА ПО ВАЊА ВЛЕГУВА ВО ЧЕТВРТИОТ ДЕН: По што се разликува „Амбер алерт“ и зошто е толку ефикасен

ПОТРАГАТА ПО ВАЊА ВЛЕГУВА ВО ЧЕТВРТИОТ ДЕН: По што се разликува „Амбер алерт“ и зошто е толку ефикасен