Бум на берзата: Уште сега надминат е прометот од 2017-та
Објавено во: Финансии 23 Април, 2018 22:40
Бум на Берзата, прометот за незавршената третина од 2018 г., уште сега е поголем од рекордната (во последните три) 2017-та година.
Faktor.mk пресмета дека прометот, од истргуваните хартии на македонската Берза за хартии од вредност во 2018 г., според податоците достапни на веб-страницата mse.mk , иако сеуште не е завршена првата календарска третина од оваа година, според нашите пресметки изнесува околу 4 милијарди седумстотини седумдесет и шест милиони денари (од технички причини и со цел што побргу да Ве информираме за оваа, според нас, исклучително позитивна вест за економијата и целото општество во Република Македонија) и уште сега ја надмина бројката од 2017 г. (4.738.444.919,00 ден.).
Во минатата, 2017, година, според годишниот статистички билтен за периодот од јануари до декември 2017 г., беа истргувани хартии од вредност од вкупно 4.738.444.919,00 денари.
Во 2016 г., севкупниот промет, согласно годишниот статистички билтен за периодот во времетраење од јануари до декември 2016 г., изнесуваше 3.023.394.172,00 денари.
Во 2015 г., прометот, видно од податоците од годишниот статистички билтен за периодот во времетраење од јануари до декември 2015 година, беше во вредност од 2.660.494.514,00 денари.
Во 2018 година, прометот по месеци изнесуваше, согласно Извештаите објавени на сајтот на македонска берза за хартии од вредност АД Скопје (mse.mk), како што следи:
- Јануари беше 565.243.947,00 ден.
- Февруари беше 357.585.721,00 денари
- Март беше 3.481.460.355,00 денари
Во, некомплетниов, април досега прометот изнесува околу 372 милиони денари.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска




