14 Мај, 2024
0.0265

Бушати: САД е клучна за запирањето на крвопролевањата и војните во Југославија

Објавено во: Балкан 31 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати смета дека ангажманот на САД на Балканот е од клучно значење за подобрување на односите на Грција и на Република Македонија кои ќе и го отворат патот за членство во НАТО

„Сега кога двете земји ја поминуваат последната милја кон нормализација, фокусот на САД на ова прашање е од исклучително значење. Особено ако се има предвид дека постојат трети страни кои не го поддржуваат договорот помеѓу Атина и Скопје“, кажа Бушати во разговор со Дејмон Нилсон, извршниот потпретседател на Атлантскиот совет.

Според него, САД се клучни за безбедноста во ЈИЕ, како и поделба на работите меѓу Соединетите држави и ЕУ кога станува збор за трансформацијата на регионот.

„Тоа е многу важно поради географската положба на ЈИЕ помеѓу Блискиот исток и ЕУ. САД се покажаа успешни во однос на запирањето на крвопролевањата и војните во Југославија и во спроведувањето на некои од најважните проекти за безбедноста во нашиот регион, вклучувајќи го проширувањето на НАТО со Хрватска, Албанија и на Црна Гора, а се надевам во скоро време и со Скопје. Тие го охрабрија и дијалогот помеѓу Косово и Србија. Знаеме дека иако овој процес е воден од ЕУ, без поддршката од САД очекуваните резултати нема да бидат постигнати. Видовме дека улогата на САД во случајот со Скопје беше традиционално позитивна“, истакна  Бушати.

Тој укажува на позитивниот развој на настаните во изминатите неколку месеци како што се Договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, Договорот за името помеѓу Скопје и Атина, како и значјани чекори што Албанија ги презеде заедно со Грција, а во однос на референдумот смета дека постојат политички пречки кои мора да се надминат.

„Прво тоа е прашањето на референдумот. Се надеваме дека граѓаните ќе гласаат во полза на мировниот процес кој штотуку започна, што ќе им овозможи на членовите на Парламентот да ги направат неопходните уставни измени. Исто така, Грција мора да го помине договорот во нејзиниот Парламент. Се надеваме дека процесот на ратификација брзо ќе заврши бидејќи тоа може да го трансформира Западен Блајан на позитивен начин. Мора да почнеме да го трансформираме новиот безбедносен простор во регионот во простор на развој. Токму затоа потребна ни е ЕУ со повеќе проекти за поврзување во регионот и меѓу регионот и Унијата. Потребна ни е имплементација на нови проекти од стратешко значење како Трансатлантскиот гасовод и други гасоводни траси за што ни е потребно присуството на САД“, нагласува Бушати.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА - полицијата откри во која состојбата е новороденчето

БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА - полицијата откри во која состојбата е новороденчето

СО ОВИЕ ВОЗИЛА НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА ОДИТЕ ВО ВАШИТЕ ОМИЛЕНИ МЕСТА ВО ГРЦИЈА! Новиот закон стапи на сила, се однесува на 2 категории возила, еве за што се работи

СО ОВИЕ ВОЗИЛА НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА ОДИТЕ ВО ВАШИТЕ ОМИЛЕНИ МЕСТА ВО ГРЦИЈА! Новиот закон стапи на сила, се однесува на 2 категории возила, еве за што се работи

„ПОСТОЈАТ ПРАШАЊА ШТО СЕ НАД ВОЛЈАТА НА НОВОТО РАКОВОДСТВО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА:“ Герапетритис за Преспанскиот договор

„ПОСТОЈАТ ПРАШАЊА ШТО СЕ НАД ВОЛЈАТА НА НОВОТО РАКОВОДСТВО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА:“ Герапетритис за Преспанскиот договор

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого