19 Декември, 2025
0.0493

Царината фати две Романки со 12 килограми марихуана на Ќафасан

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2016 16:35

Добивај вести на Viber

Две Романки биле фатени на граничниот премин Ќафасан во обид да прошверцуваат 12 килограми на марихуана во Република Македонија, а дрогата се наоѓала во нивното патничко возило со италијански  регистарски ознаки.

Лицата од цариниците на англиски јазик биле прашани што имаат да пријават за царинска контрола, при  што одговориле дека немаат ништо за пријавување  и дека се враќаат за Романија од неколкудневен престој во Албанија. Поради сомневање во нивните изјави возилото заедно со патниците било селектирано за контрола.

При прегледот на возилото биле пронајдени вкупно 27 пакетчиња (6 во задниот браник, 8 во задното лево крило, 7 во задното десно крило, 3 во левиот страничен праг и 3 во десниот страничен праг) – црни ќесички обвиткани со проѕирна салотејп лента наполнети со марихуана со вкупна тежина од 12 килограми.

Против сторителите, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното јавно обвинителство, а судија во претходна постапка им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Во изминатите десет дена ова е четврт случај на спречен обид за шверц на дрога при што запленети се 56,5 килограми марихуана.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината