ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП ЈА „КУТНАА“ И МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА - црвената боја завладеа, паѓаат акциите и на најмоќните
Објавено во: Финансии 07 Април, 2025 14:18
Откако од четвртокот и петокот потонаа светските берзи, а драмата продолжи и денеска на светските пазари, при што некои аналитичари тоа страшно намалување го нарекоа дури и „крвопролевање“, негативно на целите овие турбуленции реагираше и македонската берза.
Имено, во петокот минатата недела Берзата буквално поцрвене од падот на речиси сите клучни акции, а МБИ 10 потона за 3,79 отсто, иако се уште се држи над вредноста од 10.000 индексни поени.
Најголем пад од најтргуваните акции имаше Стопанска банка Скопје, за 3,28 отсто, а паднаа и Комерцијална банка, за 0,37 отсто, Алкалоид за 0,73 отсто, макпетрол за 0,65 проценти, НЛБ Банка за 0,68, Реплек за 0,6 отсто и слично.
Во петокот единствено пораснале акциите на прилепска Витаминка, за 2,7 отсто, и нешто незначително кај Адинг.
Црвената боја продолжи да ја слика Берзата и во текот на денешниот ден, па паднаа и акциите на Адинг, потоа на Алкалоид, за 4,45, Комерцијална за 5,59 отсто, Макпетрол за 5,83 отсто, Реплек, Стопанска банка, НЛБ, Макстил и други.
Инаку, терминските индекси на Волстрит се во минус за околу 4 отсто, што укажува дека „колежот“ на пазарите, кој ги погоди светските берзи во четвртокот и петокот, ќе продолжи и денеска, пишува Ројтерс. Азиските берзи во почетокот на денешното тргување повторно остро паднаа, при што индексот на најголемата азиска берза, Токиската, потона за осум отсто. Во неделата навечер падна и цената на биткоинот.
Сѐ помрачните изгледи за глобалниот економски раст поради трговската војна ги сменија и цените на нафтата во неделата, покрај нивниот остар пад минатата недела. Како што расте загриженоста дека царините би можеле да доведат до повисоки цени за компаниите, се смета дека тоа би можело да ја забави економската активност и на крајот да ѝ наштети на побарувачката на нафта.
Падна дури и цената на златото, кое се сметаше за безбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња. Цената на унца злато се намали за 0,6 отсто, на 3.018 долари.
Н.Н.Ф.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





