ДРЖАВА ВО КАРАНТИН: Граѓаните не смеат да се оддалечуваат од домовите повеќе од 500 метри
Објавено во: Свет, Корона Вирус 14 Септември, 2020
Израел воведува нов карантин.
Владата воведува карантин поради коронавирусот, кој ќе трае најмалку три недели, кога е еврејскиот празник Рош Хашана.
Последен ден од карантинот ќе биде 9 октомври.
Главниот лекар за борба против коронавирусот Рони Гамзу кажа дека карантинот може и да се продолжи ако во трите недели нема резултати. Министерот за здравство рече дека медицинскиот персонал е на работ на силите и дека тоа е една од причините за карантинот.
Израелскиот премиер Бенџамин Нетенјаху на брифингот со новинарите рече дека на ваква одлука ги натерале предупредувањата од експертите.
Граѓаните нема да смеат да се оддалечуваат од домовите повеќе од 500 метри. Супермаркетите и аптеките ќе останат отворени. Се затвораат училиштата, рестораните и хотелите.
Израел моментално има 37.482 активни случаи на коронавирус, а досега починаа 1.103 лица.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.