Целокупната состојба не депримира, но ваквите загуби се страшен удар: Бешлиовска со длабоки емоции за починатата медицинска сестра Ирена
Објавено во: Македонија 17 Декември, 2020 11:55
Со вирусот се
бореше од почетокот на ноември и Клиниката за инфективни болести и на на
Пулмологија. Сите очекувавме Ирена дека конечно ќе излезе од болница и дека
најлошто поминало, емотивно говори претседателката на ЗМТАС, Гордана Бешлиовска.
Вели дека памдемијата на корона вирусот е посебно ризична за здравствените работници, кои беспоштедно се борат за секој човечки живот. И младата сестра Ирена Дојчиновска Милошевска се заразила на своето работно место во геронтолошката институција „13 Ноември“.
- Не отсуствуваше ниту еден ден од работа сите овие месеци. За жал, за нас, здравствените работници, ризикот од инфекција со вирусот е навистина преголем. И Ирена се заразни на своето реботно место. Се констатираше дека е позитивна на Ковид-19 некаде на почетокот на минатиот месец, и веднаш по првиот знак, температурата, беше хоспитализирана на Инфективната клиника. Не чекаше да и се влоши состојбата, па да побара лекарска помош, зошто точно знаеше што се може да направи вирусот. Беше на кислородна поддршка, прими и ковалесцентна плазма, а откако и беше констатирана пневмонија, посебно обилна на на едното белодробно крило, беше префрлена краток период и на Клиниката за пулмологија. По извесно лекување на оваа клиника, повторно е вратена на Инфективна, каде што за жал синоќа почина. Инаку немаше претходно коморбидитети, вели Бешлиовска.
Истовремено посочува дека целокупната состојба со епидемијата, секојдневната борба за спасување животи длабоко ги депримира сите здравствени работници, но ваквите загуби, како што вели Бешлиовска, се страшен удар.
-Досега загубивме 15 здравствени работници, и лекари и медицински сестри кои не се штедеа, туку напротив, максимално и посветено се бореа за своите пациенти. Овие загуби се страшен удар за сите нас, за целокупниот здравствен систем во Македонија, а во моментов „13 Ноември“ загуби неверојатно голем човек, истакнува Бешлиовска за починатата сестра Ирена.
Медицинската сестра Ирена Дојчиновска Милошевска е биде погребана утре на 18.декември, на нејзиниот роденден.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




